Црква „Свети Илија“ - Селце — главна селска црква во селото Селце, во Општина Маврово и Ростуше. Се наоѓа на самото сретсело во селото, покрај една од селските чешми, како и до самиот извор на Селечка Река.

Историја

Црквата потекнува од век. На црквата имаат работено Дичо Зограф и неговиот син Аврам Дичов.

Дичо целосно го има изработено самиот фрескоживопис со сцените од Стариот завет, кој потекнува од 2 мај 1864 година. Покрај фрескоживописот, Дичо го изработил и целокупниот иконостас, кој бил завршен во 1866 година.

Грабежи

Црквата била ограбувана неколкупати, како дел од акциите на крадци кои пустошеле низ мијачките села. Била ограбена во текот на октомври 2012 година, заедно со црквите во соседните села Тресонче и Росоки.

Галерија

Поврзано Дебарско архијерејско намесништво Дебарско-реканска парохија Селце (Ростушко)

Наводи

Надворешни врски

Селце Категорија:Дела на Дебарската школа