ФК Емполи е професионален италијански фудбалски клуб со седиште во градот Емполи, провинцијата Фиренца. Во моментов се натпреварува во Серија А.

Клубот е основан во 1920 година со спојување на Фудбал клуб Емполи и Унионе Спортива Емполи, а првиот официјален натпревар го одиграле една година подоцна. Вклучувајќи ја и тековната сезона, Емполи има учествувано во 79 национални првенства, од кој 50 сезони во третото ниво на италијанскиот фудбал, 19 во Серија Б и 10 во Серија А. Во Европа, најдобар резултат им е учество во Купот на УЕФА за сезоната 2007-2008.

Боите на клубот се сината и белата.

Успеси Домашни Серија Б : 1 2004-2005

Куп на Италија - Серија Ц : 1 1995-1996

Регионални натпреварувања Секонда Дивизионе : 1 1928-1929

Серија Ц1 : 1 1982-1983

Серија Д : 2 1960-1961, 1962-1963

Младински натпреварувања Кампионато Примавера : 1 1998-1999 Куп на Италија - Примавера : 1 1991-1992 Турнир Вијареџо : 1 2000

Европски Куп на УЕФА : 1. коло 2007-2008

Наводи

Емполи