Златко Ориѓански — македонски композитор, поранешен член на Лола В. Штајн и на групата Анастасија. Остварил успешна соработка со бројни имиња од македонската естрада, меѓу кои соработка со Вања Лазарова, Каролина Гочева, Бени, како и со режисерите: Милчо Манчевски, Игор Иванов Изи и Слободан Унковски.

Биографија Кариерата ја започнува со членовите на Лола В. Штајн, со кои ги издава албумите: „Икона“ и „Мансарда“. Златко Ориѓански со групата Анастасија има настапувано речиси низ цела Европа: во Данска, Англија, Шведска, Грција, Турција, Полска, Шпанија, Португалија, Белгија, Германија, Швајцарија, Италија, Бугарија, Србија, Хрватска.

Како композитор се појавува во комерцијалниот видео спот на „Чудесна Македонија“ во 2010 година, во спотот на Игор Ивановски Изи од 2009 година, Македонија вечна (втор дел) од 2008 година, албумот „Македонско девојче“ на Каролина Гочева, потоа музика за филмот на Милчо Манчевски, Пред дождот и музика за спотот Made in Macedonia,, Во 2016 година добива Признание за промоција на албанските вредонсти, кое се доделува на лице неалбанец.Ова признание му се доделува за соработката и градењето на мостови меѓу културите на „Милингона е арт”.http://lokalno.mk/zlatna-mravka-mu-dodeli-pochesna-nagrada-na-muzicharot-zlatko-origjanski/

Златко Ориѓански има напишано музика за повеќе од 55 театарски претстави.

Творештво, награди и признанија Анастасија Албуми, активности и признанија заедно со групата Анастасија: „Пред дождот“, Златен лав на филмскиот фестивал во Венеција, 1994 година „Мелоургија“, 1997 година „Ноктурнал“, 1998 година

Други проекти „Икона“, 1990 година „Мансарда“, 1991 година Музика за комерцијалното видео на Милчо Манчевски, „Ми товарил Дончо“, 1999 година „Македонски љубовни песни“ и „Ритмистика“, на Вања Лазарова, 2000 година „Будење“, 2003 година Музика за албумот на Каролина Гочева „Македонско девојче“, 2008 година Музика за рекламниот видео спот Macedonia Timeless („Македонија вечна“) (втор дел), 2009 година Музика за рекламниот видео спот Amazing Macedonia, („Чудесна Македонија“), 2010 година Музика за рекламен видео спот, за кој победил на Кански титански лав (Cannes titanium lion 2013), во 2013 година

„Добро утро, госпоѓо“ (албум) Во јули 2016 година, излегува заедничкиот албум на Ориѓански и Бени Шаќири кој го носи насловот „Добро утро, госпоѓо“.„Добро утро, госпоѓо“ - заеднички албум на Ориѓански и на Шаќири Содржи 12 песни, од кои 9 на македонски, две на албански и една на грчки јазик. Автор на најголемиот дел од музиката и текстовите е Ориѓански. Албумот бил посветен на режисерот Слободан Унковски, со кого Ориѓански има долгогодишна успешна соработка.

Наводи

Надворешни врски Интервју за Фокус.мк Презентација на Ориѓански на ENGAGE 2014, на тема „Музиката како граѓански идентитет“ Рекламниот видео спот „Ми товарил Дончо“ Интервју за Република Податоци за изданија евидентирани од ВБУ Музички Регистар.

Категорија:Анастасија (музичка група) Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски композитори