Валериј Николаевич Брумел (14 април 1942 – 26 јануари 2003)Голема руска енциклопедија (2006), Москва: 4то издание, стр. 243 — советски атлетичар кој се натпреварувал во дисциплината скок во височина. Олимписки шампион од Летните олимписки игри 1964 во Токио и повеќекратен светски рекордер, тој се смета за еден од најдобрите атлетичари кои се натпреварувале во дисциплината скок во височина во историјата.
Неговата меѓународна спортска кариера била завршена поради сообраќајна несреќа во 1965 година.
Животопис Брумел е роден во село во источен Сибир во семејство на геолози кои го истражувале регионот.Obituary: Valery Brumel. The Guardian. 6 февруари 2003. Семејството подоцна се преселило во Луганск, каде неговите родители предавале во локалниот универзитет. Брумел започнал да се занимава со скок во височина на 12-годишна возраст во Луганск, трениран од Петар Штајн. На 16-годишна возраст тој веќе прескокнал 2 метри. Тој ги подобрил своите вештини под водство на тренерот Владимир Дјачков во Москва. Во 1960 година тој го соборил рекордот на СССР прескокнувајќи 2.17 метри, со што бил вклучен во советската олимписка екипа. На Летните олимписки игри 1960, тој прескокнал иста висина како победникот Роберт Шавлакадзе, но со повеќе обиди, па така го освоил сребрениот медал. Во периодот од 1961 до 1963 година тој шест пати го соборувал светскиот рекорд во скок во височина, подобрувајќи го од 2.23 метри на 2.28 метри. На Летните олимписки игри 1964, Брумел го освоил златниот медал со прескокнати 2.18 метри, подобрувајќи го олимпискиот рекорд за 2 сантиметри.
Откако бил непоразен во 1965 година, Брумел се здобил со неколку фрактури на десното стапало во сообраќајна несреќа со мотор, и се соочил со ампутација. Тој успешно бил опериран од професорот Гаврил Илизаров со новата постапка на зголемување на коските со илизаровиот апарат. Сепак, дури и по 29 извршени операции, тој не успеал потполно да закрепне. Тој се повлекол од атлетиката во 1970 година откако прескокнал 2.06 метри на локално натпреварување.
По пензионирањето, Брумел започнал да глуми и да пишува. Тој глумел во филмовите Спорт, Спорт, Спорт (1970) и Право на скок (Право на прыжок) (1971) и напишал бројни романи и драми, вклучувајќи го романот Не се менувај себеси (1979), кој бил преведен на седум јазици, и либретото на операта Златната каравела (Золотая каравелла) на Рауф Гадџиев.
На 21 ноември 2014 година, Брумел бил примен во куќата на славни на ИААФ.
Личен живот Брумел имал два браќа, Олег (1944–2005) и Игор, руски политичар роден во 1952 година во Ростов.Брумель Игорь Николаевич, депутат Совета депутатов Замоскворечья. zamos.ru Брумен бил венчан три пари. Неговата прва жена, Светлана Лазарева, која била натпреварувачка во ритмичка гимнастика, го оставила со нивниот син во 1965 година, кога Брумел закрепнувал од сообраќајната несреќа. Во 1973 година Брумел се венчал со Јелена Петушкова, натпреварувачка во коњички спорт и олимписка шампионка во дресирање од игрите во 1972 година. Парот се разделил 18 месеци подоцна поради ненадминливи разлики. Тие имале ќерка, Влада Петушкова, родена во 1974 година, која била израсната од нејзината мајка.Борис Василев (3 март 2007) «Конь – на скаку и птица – влет... По чьей вине?». Сопротивляясь страшной болезни, Елена Петушкова до последних дней мечтала вернуться к работе . sovsport.ru Во 1992 година, Брумел се венчал со Светлана Белоусова, која подоцна го основала и управувала фондот Валериј Брумел. Тие имале еден син, Виктор.Брумель Валерий Николаевич. Биографическая справка. rsport.ru. 14 мај 2012Александар Гегучадзе (15 јуни 2007) Высота Валерия Брумеля. rg.ru
Наводи
Надворешни врски
High Jump legend Brumel, dies after long illness. IAAF. 26 јануари 2003. Посетено на 14 јануари 2011. IAAF Mourns Loss of Legendary High Jumper. IAAF. 28 јануари 2003. Посетено на 14 јануари 2011. Frank Litsky, Valery Brumel Is Dead at 60; Russian Set High-Jump Marks. NYT 28 јануари 2003. Посетено на 26 јанаури 2014.
Категорија:Родени во 1942 година Категорија:Починати во 2003 година Категорија:Советски атлетичари Категорија:Освојувачи на златни олимписки медали за СССР Категорија:Олимписки сребрени медалисти за СССР Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот Категорија:Погребани на Новодевичките гробишта Категорија:Починати во Москва