Триатлонот своето прво појавување на официјалната програма на Летните олимписки игри го имал на игрите во 2000, во Сиднеј, и оттогаш бил дел од сите изданија на игрите. Спортот е раководен од страна на Меѓународниот сојуз за тријатлон (ITU).
Историја На Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј, триатлонот го имал своето олимписко деби. Таму учествувале вкупно 48 жени и 52 мажи кои се натпреварувале во посебни натпревари. Користените должини биле "меѓународни" или "стандардни", и изнесувале 1.5 км пливање, 40 км велосипедизам, и 10 км трчање. Четири години подоцна, на игрите во Атина, натпреварувањето било исто како и воведното а единствената разлика била тоа што мажите и жените имале еднаков број на натпреварувачи, по 50. Квотата подоцна била зголемена на 55 жени и 55 мажи за игрите во 2008 во Пекинг и останала иста за игрите во 2012 во Лондон.
Табела на медали 1 2 0 2 4 2 1 2 2 5 3 1 1 1 3 4 1 1 0 2 1 1 0 2 6 1 0 1 2 7 1 0 0 1 8 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 11 0 0 1 1 0 0 1 1
Квалификации Квалификациските места во триатлон се распределени помеѓу националните олимписки комитети (НОК) отколку помеѓу поединечни натпреварувачи.
Постојат пет начини националните олимписки комитети да освојат место во триатлон. Тие можат да добијат најмногу три места; само осум земји можат да добијат толку места. Останатите земји можат да добијат само две места.
Првите пет места ги добиваат победниците на петте регионални квалификациски турнири. Уште три места добиваат најдобрите три триатлонци од последното Светско првенство во триатлон, при што натпреварувачите кои победиле на регионален турнир не се земаат предвид. Следните 39 места ги добиваат националните олимписки комитети кои имаат највисоко пласирани натпреварувачи на ITU ранг листите (повторно не се земаат предвид оние натпреварувачи кои претходно обезбедиле пласман преку претходните два методи). Едно место добива земјата домаќин доколку сѐ уште нема добиено место, а доколку има, тоа место го добива вториот најдобро пласиран натпреварувач од земата домаќин. Две места се доделуваат од страна на трипатритната комисија. На крајот, пет дополнителни места се распределуваат помеѓу националните олимписки комитети кои немаат добиено место спорет ITU ранг листите, така што секој континент добива по едно место.
Земји учеснички Следниве држави испратиле свои натпреварувачи на натпреварите во триатлон. Земја 00 04 08 12 Вкупно M Д – M 3 Д Д Д Д 4 M Д Д Д 4 Ж Ж M Д 4 – M Ж Д 3 Д Д Д Д 4 Д Д Д Д 4 M – Ж Д 3 Ж Ж Д Д 4 Ж Ж – M 3 Ж – – M 2 Д Д Д Д 4 Д M M Ж 4 – – – Ж 1 – M M – 2 Д Д Д Д 4 Д Д Д Д 4 Д Д Д Д 4 M M Ж – 3 – M Д – 2 Д Д Д Ж 4 – – Ж Д 2 Д Ж Д Д 4 Ж – – – 1 Д Д Д Д 4 M Д M – 3 Ж Ж Д – 3 – – – Ж 1 – M Д Д 3 – – – M 1 Д Ж Д Ж 4 M – – – 1 Д Д Д Д 4 – – Д Д 2 – Ж Д M 3 Ж Д Д Д 4 – – M M 2 – – – Ж 1 Д Д Ж Д 4 – – – M 1 Д Д Д Д 4 M – Ж Ж 3 Д Д Д Д 4 – – M – 1 M M Д Д 4 Д Д Д Д 4 M M – – 2 M – M M 3Земји 34 33 36 39 48Година 00 04 08 12 Вкупно
Клуч: М - само во машка конкуренција; Ж - само во женска конкуренција; Д - во двете конкуренции
Наводи
Надворешни врски Olympic.org ITU homepage
Категорија:Спортови на Летните олимписки игри