Зимбабве првпат учествувал на Олимписки игри под сегашното име во 1980 година, и оттогаш испратил натпреварувачи на сите изданија на Летните олимписки игри. Претходно, земјата настапувала на игрите по името Родезија во 1928, 1960 и 1964 година. На Зимските олимписки игри 2014 во Сочи, Зимбабве за првпат настапил на Зимски олимписки игри.
Спортистите на Зимбабве освоиле вклупно осум олимписки медали – три златни, четири сребрени и еден бронзен медал – во два спорта. Седум од медалите ги освоила пливачката Кирсти Ковентри во 2004 и 2008; а останатиот медал бил резултат на изненадувачката победа на репрезентацијата на Зимбабве во хокеј на трева на игрите во 1980 година.
Националниот олимписки комитет на Зимбабве е основан во 1934 година, а бил признаен од страна на Меѓународниот олимписки комитет во 1980 година.
Табела на медали Медали на Летни олимписки игри ОлимпијадаУчеснициЗлатниСребрениБронзениВкупноРанг Амстердам 1928 2 0 0 0 0 -1932–1956 не учествувале Рим 1960 14 0 0 0 0 - Токио 1964 29 0 0 0 0 - Мексико 1968 не учествувале Минхен 1972 Монтреал 1976 Москва 1980 42 1 0 0 1 23 Лос Анџелес 1984 15 0 0 0 0 - Сеул 1988 29 0 0 0 0 - Барселона 1992 19 0 0 0 0 - Атланта 1996 13 0 0 0 0 - Сиднеј 2000 16 0 0 0 0 - Атина 2004 12 1 1 1 3 49 Пекинг 2008 13 1 3 0 4 38 Лондон 2012 7 0 0 0 0 - Вкупно 3 4 1 8 70 Медали на Зимски олимписки игри ОлимпијадаУчеснициЗлатниСребрениБронзениВкупноРанг Сочи 2014 1 0 0 0 0 - Вкупно 0 0 0 0 -
Медали по спорт Пливање 2 4 1 7 Хокеј на трева 1 0 0 1 Вкупно 3 4 1 8
Освојувачи на медали МедалНатпреварувач Игри Спорт Дисциплина Хокеј на трева тим Москва 1980 Хокеј на трева женска конкуренција Атина 2004 Пливање 200м грбно Пекинг 2008 Пливање 200м грбно Атина 2004 Пливање 100м грбно Пекинг 2008 Пливање 400м мешано Пекинг 2008 Пливање 100м грбно Пекинг 2008 Пливање 200м мешано Атина 2004 Пливање 200м мешано
Историја Јужна Родезија (сега Зимбабве) првично настапила како Родезија на Летните олимписки игри 1928 во Амстердам. Родезија потоа била отсутна од игрите сè до 1960 година кога Федерацијата на Родезија и Њасаленд се натпреварувала под името Родезија на Летните олимписки игри 1960 во Рим. Јужна Родезија потоа повторно настапила под името Родезија на следните олимписки игри во Токио. Земјата на тој начин секогаш се натпреварувала како британска територија. Земјата немала можност да настапи на игрите во 1968 во Мексико, поради толкувањата на мексиканската влада на прописите на пасошите."1972: Rhodesia out of Olympics", ББС По декларацијата за независност на Ијан Смит за независна Родезија во 1970 година, државата повеќе не настапила на олимписки игри. Иако се вратила да се натпреварува на игрите во 1972 во Минхен, Родезија била отстранета од Меѓународниот олимписки комитет четири дена пред церемонијата на отворање на игрите, под притисок на другите африкански држави, кои не ја признавале легитимноста на родезиската држава и се заканиле со бојкот на игрите. Наследникот на државата, Зимбабве, своето олимписко деби го остварил на игрите во 1980 во Москва.
Родезија никогаш не учествувала на Зимски олимписки игри, и ниту еден родезиски натпреварувач не освоил олимписки медал.Official website of the Olympic movement
Поврзано Зимбабве на Параолимписките игри Список на знаменосци за Зимбабве на Олимписките игри
Наводи
Олимписки игри