мини|десно|Марко Цепенков. Народната книжевност е создадена од народот или пак како раскажувач се зема народниот раскажувач. Таа е создадена од колективен автор и се пренесувала од генерација на генерација по усмен пат. Најпознати собирачи на народни умотворби од Македонија се: Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Константин Миладинов, Димитар Миладинов, Стефан Верковиќ и др.

Поделба на народната книжевност Народната книжевност потекнува од незнаен автор. Според начинот на интерпретација може да се подели на поединечна и колективна. Според основна поделба, усната книжевност се дели на проза и поезија, која пак се среќава во класичната поделба на епска, лирска и епско-лирска поезија. Дополнително, усната книжевност, а особено лирската поезија, може да се подели на: обредни; митолошки; религиски; трудови; љубовни; семејни; песни за деца; хумористични; ласцивни; тажаленки.

Усна народна книжевност Народната книжевност се среќава уште и како усна или наративна. Таа е традиционален книжевен облик близок на народот и сочуван во неговите сеќавања. Ваков вид книжевност во балканските простори има исклучиво важна, долга и значителна традиција. Народната книжевност се пренесувала усно, преку раскажување, пеење, магијски и бајачки обреди. Богатството на народната книжевност е непроцениво, посебно за народите кои од различни катастрофи, војни и други неповолни причини не успеале од времето да ја одбранат својата пишана книжевност. Карактеристично за усната книжевност е нејзиното пренесување од колено на колено. Во древните времиња, на традиционалните зимски седенки, раскажувањето и пеењето претставувало посебен вид на уметничко претставување, очувување на историските одлики, но и магиско, апотропејно справување со злите сили.www.rastko.rs, Усна книжевност

Народна поезија Според Вук Караџиќ, народните песни се делат во две групи: јуначки кои се пееле со гусли; и женски кои ги пееле жените, девојките и момчињата, најмногу по двајца во еден глас. Притоа, женските песни се пееле само поради сопствена разонода, а јуначките песни служеле за да ги слушаат другите. Оттука, при пеењето на женските песни било важно самото пеење, а не песната, додека кај јуначките песни најважна била песната. Во однос на темата, јуначките песни обработуваат некое важни настани (битки, итн.), додека женските песни сликаат ситни настани од секојдневниот живот. Како последица на тоа, и по содржината и по формата, женските песни имаат помало значење во однос на јуначките песни.Војислав Ђурић, „О народним лирским песмама“, во: Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 5.

Епска народна поезија Според стихот во кој се испеани, епските народни песни се делат на две групи: гусларски и бугарштици. Првите се испеани во десетерец (краток стих), со цезура по четвртиот слог и без припев. Бугарштиците се испеани во долг стих, најчесто од 15 или 16 слогови, со цезура по седмиот или осмиот слог, (ако стихот е пократок од 15 или подолг од 16 слогови, тогаш цезурата е зад петтиот или шестиот, т.е. зад деветтиот или десеттиот слог) и често со припев зад секој стих, секој втор стих или на неколку стихоа при што припевот се состои од шест, а поретко од пет слога и најчесто не додава ништо ново, туку само го проширува претходниот стих. Гусларските песни го добиле името по тоа што се пееле со гусли, додека името „бугарштици“ потекнува или од глаголот „бугарити“ кој означува тажно пеење или од carmen vulgare што означува народна песна. Постои дилема за тоа кои од нив се постари: бугарштиците се запишани порано и порано излегле од употреба, па тоа наведува на заклучокот дека тие се постари; но, судејќи по другите својства, се чини дека пократкиот стих е постар, зашто во гусларските песни често се употребува генитив наместо акузатив, вокатив наместо номинатив, номинатив наместо другите падежи, често се користи деминутив или удвоен предлог, или некој збор од претходниот стих се повторува во следниот; овие својства не ги бара подолгиот стих, но се среќаваат и во него, а од тоа се заклучува дека бугарштиците биле под влијание на пократкиот стих. Инаку, гусларските песни се побројни од бугарштиците, а според тематиката се делат на повеќе циклуси: неисториски, преткосовски, косовски, песни за Крале Марко, ајдучки, ускочки итн. Вук Караџиќ, пак, ги поделил епските песни на три циклуси: песни од постаро време, песни од средното време и песни од поново време.„Поговор - О врстама епских песама“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 485-486.

Иако не е познато кога се создадени, нема сомнение дека потеклото на епските народни песни е многу старо: во некои од нив се препознава духот на паганските времиња, некои се создадени за време на средновековните владетели, додека некои потекнуваат од времето на Османлиското царство, а некои се создадени во ајдучките дружини. Убавината на епската народна песна се состои во нивната посебна тематика и во уметничката градба. Така, во нив доминира херојската трагедија, т.е. пораката дека сјајот на овој свет се мери низ страдањето и умирањето, а вредноста на човекот се изразува низ верноста кон својот род и низ борбата за слобода. Оттука, убавината на хуманизмот во народната песна е запишана со крв и со тага. Притоа, опишувањето на трагичните настани барале говор полн со возбуда, па затоа дури и во епската поезија е застапен силно изразен лиризам.<ref>Војислав Ђурић, „Лепота народног стиха“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 5.</ref>

Сепак, поради усното кажување, често се среќава недоработеност и расипување на стихот, така што целокупната епска народна поезија не е со подеднаков квалитет, т.е. во многу случаи, првобитната поетска замисла не отишла подалеку од стереотипна и схематична скица. Меѓутоа, во своите најдобри творби, епската народна песна се одликува со виртуозна композиција и со извонредни сликарски и музички квалитети карактеристични за совршените поетски градби. Во нив, прикажувањето на настаните и личностите се врши во драмска форма (со монолог или дијалог) или со епска форма (со раскажување), а најчесто на двата начина истовремено. Често, во опишувањето предност добива час настанот час личноста: во некои случаи, во центарот на песната е настанот; во други случаи, настаните и лицата служат само за да се истакне една личност; понекога, како се појавуваат двајца главни лика (двајцата домашни или еден домашен, а еден непријателски); а во некои песни, главната улога ја играат многу луѓе.Војислав Ђурић, „Лепота народног стиха“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 6-7.</ref>

Сликарските ефекти во епските песни се постигнати со помош на градацијата и контрастот, но тоа се остварува на различни начини - некогаш, контрастот е потчинет на градацијата, некогаш обратно, а другпат тие се во рамнотежа. Исто така, често, овие два сликарски ефекти се комбинирани со други ефекти, кои понекогаш дури имаат и предност во однос на градацијата и контрастот. Така, во епскиет песни често се среќаваат: словенската и обичната антитеза, хиперболата, компарацијата, метафората, персонификацијата, итн. Понекогаш, овие сликарски описи заземаат големи делови од песните и можат да постај како посебни целини, а некогаш се работи за мали делови од песните, еден или два-три стиха, или само неколку збора. Музичките ефекти во епските песни произлегуваат од виртуозната употреба на римата и од мелодичниот распоред на вокалите и согласките. Притоа, римите не се појавуваат редовно, ниту пак на точно одредени места, но токму поради тоа оставаат силен впечаток. Истовремено, употребата на самогласките и согласките предизвикува ненадминато играње со звукот, како што се случајот со употребата на „р“ во песната „Смртта на Крале Марко“ (Смрт Марка Краљевића), употребата на „а“ во „Смртта на мајката на Југовиќи“ (Смрт мајке Југовића), употребата на „е“ во „Стариот Вујадин“ (Стари Вујадин), итн.<ref>Војислав Ђурић, „Лепота народног стиха“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 8-10.

Лирска народна поезија Вредноста на народната лирска поезија лежи во тоа што во неа е опфатена областа на семејните односи: љубовта, односите меѓу старите и младите, предрасудите, генерациските разлики, верувањата, семејните веселби, жалоста итн. Оттука, Хегел смета дека народната лирска поезија е исто толку глас на колективот колку и епската поезија, зашто неа ја создала личноста која е само орган на лиризмот на националниот живот. Во споредба со епската поезија, народната лирска поезија е поразновидна, но со помал интензитет, но во секој случај претставува скапоцен дел од културното богатство на еден народ. Иако се претпоставува дека народната лирска поезија поминала низ различни степени од развојот, не постојат сигурни извори за најстарите етапи. Сапак, очигледно е дека во обредните и во љубовните лирски песни се зачувани некои траги од далечните, пагански времиња. Меѓутоа, со текот на времето, лирските песни трпеле големо влијание од новите околности, така што во формата во која се зачувани денес, тие се мал одраз на најдалечното минато. Целосното оформување на класичната народна песна завршило веќе во почетокот на XIX век. Така, во 1823 година, Вук Караџиќ забележал дека женските песни се пееле многу ретко, а дури и во малите градови народните песни воопшто не се пееле, туку биле заменети со некои нови песни (староградски песни), компонирани од учените луѓе и од трговските калфи. Во втората половина на 19 век интензивно продолжил процесот на менување и деформирање на народната поезија, фантастичните елементи исчезнувале, римата станувала постојана, а содржината им станувала сиромашна.Војислав Ђурић, „О народним лирским песмама“, во: Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 5-10.

Во содржината на народната лирика се забележуваат два дела: реалниот, мачен живот и посакуваниот живот во кој има многу фантазија. На пример, многу песни кажуваат дека удобниот живот на девојките траел до нивното мажење. Оттука, во многу песни се зборува за тешкиот живот на младите невести во периодот откако влегле во семејството на сопругот, каде биле лишени од сите човекови права. Исто така, чест мотив во народните песни е неостварената љубов поради различни причини (саканиот заминал во војна, родителите ја омажила ќерката за некој богат човек, итн.). Понатаму, во народните песни често се пее за односот меѓу помладите и постарите. На пример, во куќата на сопругот, невестата најчесто е во лош однос со свекрвата, а поддршка ѝ даваат золвата и деверот. Како протест против ропската положба на жената, во многу лирски песни е присутна клетвата кон свекрвата, кон сопругот или кон родителите. Во лирските народни песни најчесто се споменува мајката, а таткото е ретко присутен или воопшто не се споменува, што е сосема разбирливо имајќи предвид дека мајката била најчесто присутна во домот.Војислав Ђурић, „О народним лирским песмама“, во: Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 10-17.

Второто големо подрачје во народната лирика е стремежот и желбата за поубав, среќен живот. Оттука, во многу песни се пее за она што сиромашните луѓе го немале, а го посакувале: злато, сребро, срма, ѓердани, свила, големи куќи, бели дворови. Во овие песни, девојките се убави и со бели лица, а момчињата се високи и силни, ората се играат на зелени ливади, момчињата јаваат коњи, итн. Ваквите песни отстапувале од тешката реалност во која живеел народот, а служеле за олеснување на маките и внесување оптимизам во секојдневниот живот.Војислав Ђурић, „О народним лирским песмама“, во: Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 17-.