Индија — првпат учествува на Олимписките игри во 1900 година, со еден спортист (Норман Притчард) освојувајќи два медали, двата сребрени во атлетика. Инфдија првпат испратила екипа на Летните олимписки игри во 1920 година, и учествувала во сите Летни олимписки игри оттогаш. Индија се има исто така натпреварувано на неколку Зимски олимписки игри почнувајќи од 1964 година.
Преглед
Индија започнала да се натпреварува на олимписките игри во 1900 година. Индиските спортисти имаат освоено вкупно 26 медали, сите на Летните олимписки игри. Во кус временски период, Индиската национална репрезентација за хокеј на трева била доминантна при олимписките натпреварувања, освојувајќи 11 медали на 12 Олимписки игри во периодот меѓу 1928 и 1980 година. Имаат освоено 8 златни медали од кои 6 последователни од 1928–1956 година.
Индискиот Национален олимписки комитет, или Индиското олимписко здружение, е создадено во 1927 година.
На Летните олимписки игри 2012 година Индија беше претставена од 83-члена делегација, која постави нов рекорд на освоени медали освојувајќи вкупно 6 медали. Борачот Сушил Кумар стана првиот Индиец кој освоил повеќе поединечни Олимписки медали по оние на Норман Причард во 1900 година. Сепак, медалите на Причард биле сребрени, додека пак оние на Кумар биле сребрен и бронзен.
На 4 декември 2012 година, Мок ја забрани ИНЗ поради проблеми со изборите. Индиските спортисти сепак, можеле да учествуваат на игрите како независни учесници. TОваа забрана беше повлечена на 11 февруари 2014 година, и сите медали освоени на игрите и биле доделени на Индија.
Табели со медали
Медали на Летните олимписки игри Игри Златни Сребрени Бронзени Вкупно Место Атина 1896 не учествува Париз 1900 0 2 0 2 17 Сент Луис 1904 не учествува Лондон 1908 не учествува Стокхолм 1912 не учествува Антверпен 1920 0 0 0 0 - Париз 1924 0 0 0 0 - Амстердам 1928 1 0 0 1 23 Лос Анџелес 1932 1 0 0 1 19 Берлин 1936 1 0 0 1 20 Лондон 1948 1 0 0 1 22 Хелсинки 1952 1 0 1 2 26 Мелбурн 1956 1 0 0 1 24 Рим 1960 0 1 0 1 32 Токио 1964 1 0 0 1 24 Мексико 1968 0 0 1 1 42 Минхен 1972 0 0 1 1 43 Монтреал 1976 0 0 0 0 - Москва 1980 1 0 0 1 23 Лос Анџелес 1984 0 0 0 0 - Сеул 1988 0 0 0 0 - Барселона 1992 0 0 0 0 - Атланта 1996 0 0 1 1 71 Сиднеј 2000 0 0 1 1 71 Атина 2004 0 1 0 1 65 Пекинг 2008 1 0 2 3 50 Лондон 2012 0 2 4 6 55 Рио де Жанеиро 2016 Вкупно 9 6 11 26 37
Медали освоени по спортови
Спорт Златни Сребрени Бронзени Вкупно Место Хокеј на трева 8 1 2 11 1 Стрелаштво 1 2 1 4 33 Атлетика 0 2 0 2 71 Борење 0 1 3 4 43 Боксување 0 0 2 2 64 Бадминтон 0 0 1 1 9 Тенис 0 0 1 1 28 Кревање тегови 0 0 1 156 Вкупно 9 6 11 26 38
Список на медалисти МедалИме/Екипа Игри Спорт Настан Париз 1900 Атлетика Мажи 200м Париз 1900 Атлетика Мажи 200м со пречки Национална екипа Амстердам 1928 Хокеј на трева Мажи Национална екипа Лос Анџелес 1932 Хокеј на трева Мажи Национална екипа Берлин 1936 Хокеј на трева Мажи Национална екипа Лондон 1948 Хокеј на трева Мажи Национална екипа Хелсинки 1952 Хокеј на трева Мажи Хелсинки 1952 Борење Мажи банта слободен стил Национална екипа Мелбурн 1956 Хокеј на трева Мажи Национална екипа Рим 1960 Хокеј на трева Мажи Национална екипа Токио 1964 Хокеј на трева Мажи Национална екипа Мексико 1968 Хокеј на трева Мажи Национална екипа Минхен 1972 Хокеј на трева Мажи Национална екипа Москва 1980 Хокеј на трева Мажи Атланта 1996 Тенис Поединечно мажи Сиднеј 2000 Кревање тегови Жени 69 кг Атина 2004 Стрелаштво Мажи двоцевка Пекинг 2008 Стрелаштво Мажи воздушна пушка 10 м Пекинг 2008 Боксување Мажи 75 кг Пекинг 2008 Борење Мажи слободен стил 66 кг Виџај Кумар Лондон 2012 Стрелаштво Мажи брзострелен пиштол 25 м Лондон 2012 Борење Мажи слободен стил 66 кг Саина Невал Лондон 2012 Бадминтон Жени поединечно Мари Ком Лондон 2012 Боксирање Жени категорија мува Лондон 2012 Стрелаштво Мажи воздушна пушка 10 м Јогешвар Дут Лондон 2012 Борење Мажи слободен стил 60 кг.
Поврзано Индија на Параолимписките игри Индија на Азиските игри Индија на Комонвелтските игри
Наводи
Indian Olympic
Категорија:Историја на спортот во Индија Категорија:Национални спортски екипи на Индија