Советскиот Сојуз првпат настапил на Олимписките игри во 1952 г. и оттогаш учествувал на вкупно 18 олимпијади. На шест летни олимпијади, земјата освоила највеќе медали од сите, а на уште две го зазела второто место. Учествувајќи на вкупно 9 зимски олимпијади, СССР имал највеќе медали од сите 7 пати и двапати бил втор.

Олимпискиот комитет на СССР е основан на 21 април 1951 г. и признаен од МОК на седница (7 мај 1951).

Првото учество на земјата било на Летните олимписки игри 1952 во Хелсинки, каде го освоила и првиот златен медал со рекордот постигнат од страна на Нина Ромашкова ( Пономарјова) дисциплината фрлање диск во женска конкуренција (51,42 м).

Советските екипи првпат настапиле на Зимските олимписки игри во 1956 г. одржани во Кортина д'Ампецо, каде го освоиле првиот златен медал со постигнувањето Љубов Козирева во дисциплината скијачко трчање на 10 км во женска конкуренција.

Земјата била домаќин на летната олимпијада во 1980 г., одржана во Москва, која била бојкотирана од голе број земји предводени од САД поради советската инвазија на Авганистан. Како одговор на тоа, СССР и разни други земји вратиле со бојкот на летната олимпијада во 1984 г. одржана во Лос Анџелес.

Иако Советскиот Сојуз се распаднал на 26 декември 1991 г, Олимпискиот комитет на СССР формално продолжил да постои до 12 март 1992 г.

Во 1992 г., 12 од 15-те поранешни републики на СССР се здружиле во Обединета екипа на летните игри во Барселона, каде повторно освоиле највеќе медали. Обединетата екипа се натпреварувала и на зимската олимпијада истата година со 7 од 12 поранешни републики, заземајќи го второто место по број на освоени медали

Сите медали на СССР и оние на Руската Империја ѝ припаднале на Русија, но не се вбројуваат во вкупниот број постигнати медали во име на денешната Руска Федерација.

Приредени олимпијади Советскиот Сојуз бил домаќин на една олимпијада. Олимпијада Домаќин Период Земји Учесници ДисциплиниЛетни олимписки игри 1980 Москва 19 јули – 3 август 80 5.179 203

Учество на олимпијади

Период Репрезентација 1900–1912 1920 1924–1936 1952–1988 1992– 1994– 1996–

Освоени медали * Црвената обраба значи дека натпреварот е одржан на домашен терен.

Медали на летни олимпијади ОлимпијадаУчеснициЗлатниСребрениБронзениВкупноМесто Хелсинки 1952 295 22 30 19 71 2 Мелбурн 1956 283 37 29 32 98 1 Рим 1960 284 43 29 31 103 1 Токио 1964 319 30 31 35 96 2 Мексико 1968 313 29 32 30 91 2 Минхен 1972 373 50 27 22 99 1 Монтреал 1976 410 49 41 35 125 1 Москва 1980 489 80 69 46 195 1 Лос Анџелес 1984 не учествувала Сеул 1988 481 55 31 46 132 1 Вкупно 395 319 296 1010 2

Медали на зимски олимпијади ОлимпијадаУчеснициЗлатниСребрениБронзениВкупноМесто Кортина д'Ампецо 1956 55 7 3 6 16 1 Скво Вели 1960 62 7 5 9 21 1 Инсбрук 1964 69 11 8 6 25 1 Гренобл 1968 74 5 5 3 13 2 Сапоро 1972 78 8 5 3 16 1 Инсбрук 1976 79 13 6 8 27 1 Лејк Пласид 1980 86 10 6 6 22 1 Сараево 1984 99 6 10 9 25 2 Калгари 1988 101 11 9 9 29 1 Вкупно 78 57 59 194 4

Медали по летни спортови

25п Гимнастика 73 67 44 18425п Атлетика 65 55 75 19525п Борење 62 31 23 11625п Кревање тегови 39 21 2 6225п Кану 29 13 9 5125п Мечување 18 15 16 4925п Стрелаштво 17 15 17 4925п Бокс 14 19 18 5125п Пливање 13 21 26 6025п Веслање 12 20 10 4225п Велосипедизам 11 4 8 2325п Одбојка 7 4 1 1225п Коњички спорт 6 5 4 1525п Џудо 5 5 13 2325п Современ петобој 4 5 5 1425п Едрење 4 5 3 1225п Кошарка 4 4 4 1225п Ракомет 4 1 1 625п Скокови во вода 3 4 6 1325п Ватерполо 2 2 3 725п Фудбал 2 0 3 525п Стреличарство 1 3 3 725п Хокеј на трева 0 0 2 2 Вкупно 395 319 296 1010

Медали по зимски спортови 25п Скијачко трчање 25 22 21 6825п Брзо лизгање 24 17 19 6025п Уметничко лизгање 10 9 5 2425п Биатлон 9 5 5 1925п Хокеј на мраз 7 1 1 925п Санкање 1 2 3 625п Боб 1 0 2 325п Скијачки скокови 1 0 0 125п Нордиска комбинација 0 1 2 325п Алпско скијање 0 0 1 1 Вкупно 78 57 59 194

Поврзано Советскиот Сојуз на Параолимписките игри

Наводи

Олимписки