Света Петка — македонска православна црква во скопското село Горно Оризари. Црквата е посветена на Света Петка Римјанка и патронот се слави на 8 август. Црквата е изградена од страна на жителите на Горно оризирари во 2005 година, но поради недостиг на средства иконостасот, камбанаријата и придружните објекти биле изградени десетина години подоцна. Кога комплетно било се завршено, црквата била осветена на 8 август 2015 година, лично од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Инаку црквата е изградена врз постар објект од 12 или 13 век од кој дел е зачуван и денес и е вклопен во новата црква. Зачуваниот дел е конзервиран од страна на конзерваторскиот центар од Скопје.Ќе се освeтува црквата „Света Петка“ во Горно Оризари
Наводи
Поврзано Горно Оризари;
Горно Оризари Категорија:Горно Оризари (Скопско) Категорија:Македонската архитектура во 2005 година