мини|десно|250п|Дијаграм на којшто се прикажани Целите за одржлив развој Цели за одржлив развој (скратено ЦОР) — група од 17 цели во врска со меѓународниот развој во иднина. Целите биле утврдени од страна на Обединетите нации и се промовирани како „Глобални цели за одржлив развој“. Тие ги замениле Милениумските развојни цели, чијшто временски период на исполнување завршил на крајот од 2015 година. Целите за одржлив развој се спроведуваат од 2015 до 2030 година. Се состојат од 169 потцели и 247 показатели за мерење на напредокот кон нивното постигнување.

Преглед Список на цели На 25 септември 2015 година, 193 држави, вклучувајќи ја и Македонија, се согласиле за следните 17 цели:„Цели за одржлив развој “. Регионален центар за животна средина.

+ Цел Официјален текст Цел 1: Свет без сиромаштија да се стави крај на сиромаштијата во сите нејзини форми насекаде Цел 2: Свет без глад да се стави крај на гладувањето, да се постигне безбедност на храната и подобрување на исхраната и да се промовира одржливо земјоделство Цел 3: Здравје и благосостојба да се обезбеди здрав живот и да се промовира благосостојба за сите од секоја возраст Цел 4: Квалитетно образование да се обезбеди инклузивно и еднакво квалитетно образование и да се промовираат можностите за доживотно учење за сите Цел 5: Родова рамноправност да се постигне родова рамноправност и да се охрабрат жените и девојчињата Цел 6: Чиста вода и санитација да се обезбеди пристап до и одржливо управување со вода и санитарни услови за сите Цел 7: Достапна и чиста енергија да се обезбеди пристап до прифатлива, сигурна, одржлива и модерна енергија за сите Цел 8: Достоинствена работа и економски раст промовирање на инклузивен и одржлив економски раст, вработување и пристојна работа за сите Цел 9: Индустрија, иновација и инфраструктура изградба на прилагодлива инфраструктура, промовирање на одржлива индустријализација и поттикнување на иновации Цел 10: Намалена нееднаквост намалување на нееднаквоста во и меѓу земјите Цел 11: Одржливи градови и заедници остварување на инклузивни градови и населби, безбедни, прилагодливи и одржливи Цел 12: Одговорна потрошувачка и производство да се обезбеди одржлива потрошувачка и производство Цел 13: Справување со климатски промени да се преземат итни мерки за борба против климатските промени и нивното влијание Цел 14: Живот под вода да се зачуваат океаните, морињата и морските ресурси и да се обезбеди нивно одржливо користење со цел постигнување одржлив развој Цел 15: Живот на копно заштита, обновување и промовирање на одржливото користење на копнените екосистеми, одржливо управување со шумите, борба против опустинувањето и спречување на и повлекување на земјишната деградација и спречување на намалувањето на биоразновидноста Цел 16: Мир, правда и силни институции промоција на мирољубиви и инклузивни општества за одржлив развој, пристап до правда за сите и изградба на ефикасни, одговорни и инклузивни институции на сите нивоа Цел 17: Партнерство за остварување на целите зајакнување на средства за спроведување и ревитализација на глобалното партнерство за одржлив развој

Потцели и показатели Целите се сочинети од 169 показатели и напредокот кон нивно постигнување се мери со помош на 247 показатели. Секоја цел има од 8-12 потцели, а секоја потцел има од 1-4 показатели. Потцелите се однесуваат или на „исход“ (состојба којашто треба да се постигне) или на „средство за спроведување“. Последните цели биле воведени подоцна во преговарачкиот процес со цел да се опфатат грижите на некои земји членки за тоа како ЦОР ќе бидат остварени. ЦОР 17 целосно се однесува на исполнувањето на целите.

Потцелите со исходи користат броеви, додека оние со средства за спроведување мали букви. На пример, ЦОР 6 има вкупно 8 потцели — првите шест се однесуваат на исход и се обележани од 6.1 до 6.6, додека последните две се однесуваат на средсто за спроведување и се обележани како 6.а и 6.б.

Поврзано Одржлив развој

Наводи

Надворешни врски Сите цели и специфични точки на македонски јазик — Регионален центар за животна средина Национална стратегија за одржлив развој (2009-2030) Одржлив развој — Државен завод за статистика Мерење на напредокот во остварувањето на целите UN Department of Economic and Social Affairs: Sustainable Development North Macedonia

Категорија:Обединети нации Категорија:Одржлив развој