Сатоши Омура (, р. ) — Нирасаки, Јаманаши, Јапонија - јапонски биохемичар познат е по откритието и развојот на разни лекови кои оригинално се наоѓаат во микроорганизмите. Во 2015 година доделена му е Нобеловата награда за физиологија или медицина (заедно со Вилијам Кемпбел и Ту Јоујоу).
Образование Омура дипломирал на универзитетот Јаманаши, магистрирал на Токискиот универзитет за науки, станал доктор по фармацевтски науки на универзитетот Токио и доктор по хемија на Токискиот универзитет за науки.
Кариера Сатоши Омура е почесен професор на универзитетот Китасато. Познат е по откритието и развојот на разни лекови кои оригинално постојат во микроорганизмите. Со Вилијам С. Кемпбел ја поделиле половина од Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2015 година за нивните истражувања на терапии против инфекции предизвикани од цевчести паразити (другата половина ја добил Ту Јоујоу за неговата работа на третман на маларија). Попрецизно, неговата истражувачка група изолирала низа од Streptomyces avermitilis кои го продуцираат антипаразитното соединение avermectin. Подоцна Кемпбел ги прифатил овие бактерии и развил произлезениот лек ivermectin кој денес се користи против речното слепило, лимфната филаријаза и други паразитни инфекции.http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/medicine/laureates/2015/press.pdf
Награди Нобелова награда за физиологија или медицина за 2015 година – поделена со Вилијам Кемпбел и Ту Јоујоу Награда Гарднер (2014) Награда Кох (1997) Награда на Јапонската академија (1990)
Наводи
Категорија:Родени во 1935 година Категорија:Јапонски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина Категорија:Членови на Француската академија на науките Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Живи луѓе Категорија:Јапонски пронаоѓачи