Артур Брус Мекдоналд (; р. 29 август 1943) — канадски астрофизичар, професор и директор на институтот „Неутринска опсерваторија Садбери“ (SNOLAB). Работи како шеф на катедрата по астрочестична физика на Краличиниот универзитет („Квинс“) во Кингстон, Онтарио.
Во 2015 г. ја добил Нобеловата награда за физика заедно со јапонскиот научник Такаки Каџита.
Младост Мекдоналд е роден во Сиднеј, Нова Шкотска Дипломирал физика на универзитетот „Далхаузи“ во 1964 г. а следната година таму и магистрирал. Докторирал на Калифорнискиот технолошки институт во САД.
Академска кариера Од 1970 до 1982 г. Мекдоналд работел како истражувач во јадрената лабораторија „Чок Ривер“ северозападно од Отава. Потоа станал професор по физика на Принстонскиот универзитет (Њу Џерси, САД), каде се задржал сè до 1989 г., кога се префрлил да предава на Краличиниот универзитет во Нова Шкотска. Покрај профеесорството, Мекдоланд е на функцијата Шеф на универзитетските истражувања и членува во одборот на Институтот за теориска физика „Периметер“ во Вотерлу, Онтарио.
Истражувачка работа
Мекдоналд покажал особен интерес кон прашањето дали неутрината имаат маса. Постоењето на маса кај овие честички се опитно се претпоставува уште од крајот на 1960-тите години. Сепак, теоретските модели предвидуваат дека на Сонцето произведува огромен број на неутрони, но инструментите на Земјата постојано покажувале помал број од очекуваниот. Општоприфатеното образложение за ова е фактот што апаратурата е чувствителна само на електронски неутрина, но не и на мионски и тау-неутрина. Затоа, научниците претпоставувале дека неутрината што недостасуваат попатно се имаат изменето, или имаат осцилирано, во варијанта што направите не можат да ја „уловат“. Според законите на квантната механика, неутриното осцилира, тогаш тоа мора да има маса.
Во август 2001 г. Мекдоналд започнал со работа во Неутринската опсерваторија во Садбери (SNO), чиј откривач на честички е сместен во рудник под земја. Непосредните набљудувања укажале на тоа дека електронските неутрина од Сонцето навистина осцилирале во мионски и тау-неутрина. Наодите потоа се објавени во угледното научно списание Physical Review Letters (13 август 2001) и добиле големо внимание од научната јавност како наоди од исклучителна важност. Во 2007 г. Мекдоналд и Јоџи Тоцука за оваа работа биле наградени со медалот „Бенџамин Френклин“ за откритието дека на доволно долги растојанија, трите вида на неутрина се преобразуваат едно во друго и дека неутрината имаат маса. За истото откритие Мекдоналд, заедно со Такаки Каџита, ја добил Нобеловата награда за физика во 2015 г.
Награди и почести
2006 — Офицер на Редот на Канада 2009 — Член на Кралското друштво на Британијаhttps://royalsociety.org/people/arthur-mcdonald-11924/ 2011 — Медал „Хенри Маршал Тори“ на Кралското друштво на Канада како признание за „големата чест и интелектуалното богатство што ѝ ги донел на Канада“. 2015 — Нобелова награда за физика заедно со Такаки Каџита за откриваањето на неутринските осцилации, со која се покажува дека неутрината имаат маса.
Наводи
Категорија:Канадски астрофизичари Категорија:Честични физичари Категорија:Канадски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Членови на Кралското друштво на Канада Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Офицери на Редот на Канада Категорија:Родени во 1943 година Категорија:Апсолвенти на Калифорнискиот технолошки институт Категорија:Странски членови на Руската академија на науките Категорија:Живи луѓе