Лука Милуновиќ (21 декември 1992, Белград) — српски фудбалер кој моментално настапува за грчкиот прволигаш Арис.

Кариера

Лука фудбалската кариера ја започнал во Ѕвездара, но подоцна преминал во младинската школа на ОФК Београд, каде и ја започнал својата сениорска кариера во сезоната 2010/2011, каде одиграл само еден натпревар. Понуден му бил професионален договор со ОФК Београд, но летото 2011 потпишал со белгискиот прволигаш Зулте Верегем. Во првиот дел од сезоната 2011/12 година за Зулте Варгем одиграл 12 натпревари и еден куп натпревар. По само 6 месеци се вратил во Србија и без обесштетување потпишал договор со Црвена звезда каде што ги одиграл наредните две сезони. Во сезоната 2014 година, тој се преселил во тимот на Платањас, а од 2016 година е член на Арис.

Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Родени во 1992 година