Кочилари — село во Општина Градско, во околината на градот Велес.
Географија Кочилари се наоѓа на 15 километри јужно од Велес, северозападно од општинскиот центар Градско. Атарот на селото се граничи со атарите на селата Куридере на север, Згрополци на југ, Ногаевци на југоисток, но и со општините Велес на запад и Лозово на исток. Селото се наоѓа на надморска височина од околу 150 метри и е во близина на Вардар.
Историја За време на Отоманското Царство селото било дел од Велешката Каза. Според бугарските извори, селото во 1878 година имало 52 домаќинства со 392 жители Муслимани, од кои 251 биле Торбеши.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 182-183. Според истите бугарски извори, односно според Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 630 жители, сите Турци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 157. По Балканските војни Турците од селото се иселиле во Турција.
Стопанство Главни стопански дејности на жителите се земјоделството и сточарството.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Турци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 130 жители, од кои 6 Македонци, 105 Албанци и 19 Турци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 113 жители, од кои 5 Македонци, 72 Албанци, 15 Турци, 1 Бошњак, 15 останати и 5 лица без податоци.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.
ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————8851953——1.052——2—1—1.0551961168146——2—1—146197111752——1—2—1811981—15025————2—1771991110821——1—9—1401994111911——————1312002610519——1———130202157215———1155113
Родови Кочилари било турско село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
Доселеници: Фаризлер (3 к.), Аметчаушлар (5 к.), Еминпеливанлар (7 к.), Хоџа-Алилер (8 к.), Козар-Шајинлар (5 к.), Али-Вејселер (7 к.), Мизин-Аметлер (15 к.), Алилџајалар (10 к.), Зулфалер (20 к.), Чам-Аметлер (11 к.) и Максуд-Усеинлер (9 к.) сите овие родови биле многу стари доселеници од Анадолија; Маџурлар (1 к.) доселени биле од околината на Ловеч во Бугарија. Основачот на родот дошол како домазет во родот Мизин-Аметлер; Мемедовци (1 к.) доселени биле во 1921 година од селото Мелница кај Велес.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2217 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 142 гласачи.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Селиште — населба од римско време Црква — црква и некропола од средниот век
Иселеништво Турците од селото во најголем број се иселени во Турција.
Поврзано Општина Градско Повардарие
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Кочилари на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Градско