Зауер — река која тече низ западноевропските држави Белгија, Германија и Луксембург. Извира во југоисточна Белгија во близина на Vaux-sur-Sûre, во Ардените.

Оваа река ја прави границата помеѓу Белгија и Луксембург 13 км северно од Мартеланж. Западно од Еш сир Зауер се влева во вештачкото езеро - Горно езеро Зауер. По своето течение низ Етелбрек и Дикирх, реката Зауер ја прави границата помеѓу Луксембург и Германија. Во последните 50 км од својот ток, минува низ Ехтернах пред влевањето во реката Мозел во Васербилиг.

Должината на токот изнесува 137 км. Притоки на Зауер се Вилц, Ур, Прим, Алзет, Бел Ернц и Црн Ернц.

Надворешни врски Информации за реката

Категорија:Реки во Белгија Категорија:Реки во Луксембург Категорија:Реки во Германија Категорија:Реки во Франција Категорија:Погранични реки Категорија:Германско-луксембуршка граница Категорија:Реки во Рајнската област-Пфалц Категорија:Притоки на Мозел Категорија:Меѓународни реки во Европа