Касамли ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Χειμαδιό — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 11 километри северо од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро и на 8 километри од Коркут. Селото се наоѓа на надморска височина од 251 метри.

Касамли опфаќа површина од 11 квадратни километри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кара Махмутли се состоело од 7 семејства и 20 жители муслиманиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Кара Махмутли имало 100 жители муслиманиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166..

Во текот на Балканските војни, селото настрадало од страна на грчките војски.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Химадио.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 97 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 207 жители. Зголемувањето на бројот на жители во селото се должи на населувањето на жители од соседните села. Селото во пописот од 1951 година броело 235 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 307 жители, во 1971 година имало 283 жители, во 1981 година имало 236 жители, додека во 1991 година имало 213 жители. Денеска, населението на селото е 215 жители според пописот од 2001 година.

Наводи

Категорија:Кукуш