Џон Таунер Вилијамс (, роден на година) е американски музички композитор, диригент и пијанист. Во неговата кариера која трае шест децении има напишано музика за многу познати филмови. Неговата филмска музика е помеѓу најдобрата во холивудската историја. Тој ја напишал музиката за познатите филмски серијали: Војна на ѕвездите, Супермен, Сам дома, за првите три филмови за Хари Потер и за сите освен два филмови на Стивен Спилберг вклучувајќи ги филмовите Индијана Џонс, Шинлеровата листа, Е.Т., Паркот Јура и Ајкула. Тој е и добитник на пет оскари, четири златни глобуси и седум БАФТА награди за најдобра музика.

Вилијамс композирал музика за четири Олимписки игри, ја композирал главната музика за ноќните вести на NBC, како и музика за бројни телевизиски серии и концертни дела. Тој служеше како главен диригент на Бостонскиот оркестар за поп музка од 1980 до 1993, а сега е диригент на воениот оркестар.

Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски диригенти Категорија:Композитори на класична музика од 20 век Категорија:Композитори на класична музика од 21 век Категорија:Американски филмски композитори