Ханс Ем (, Марибор - , ), инженер, професор на Шумарскиот факултет во Скопје, најстариот член на МАНУ. Бил учесник во НОБ на македонскиот народ од 1941 година.
Животопис Ем дипломирал на Високата школа за култура на земјиштето во Виена во 1923 година. Службувал во шумарските оперативи на подрачја од Србија, Косово, Црна Гора и од Македонија. Во Банската управа и Дирекцијата за шуми во Скопје, тој работел на воведувањето смоларење во боровите шуми во Македонија и на преработка на смолата. Назначен е за прв директор на Шумарскиот институт во Скопје (1944). Бил професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1947–1968) и негов декан (1953/54). Член е на Научниот совет за изработка на вегетациска карта на Југославија. Редовен член на МАНУ. Еминентен шумарски стручњак на меѓународен план. Прв научник и проучувач е на дендрофлората и шумските заедници во Македонија. Публикувал „Преглед на дендрофлората на Македонија“ (1967). Изготвил прва скрипта за фитоценологија, го основал и го раководел арборетумот југозападно од Трубарево, еден од најбогатите на просторот во Југославија. Открил нови дрвни и растителни видови за македонската и светската дендрофлора. Публикувал бројни трудови во домашни и во странски списанија.
Наводи
Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски дендролози Категорија:Македонски академици Категорија:Шумарски инженери Категорија:Професори на УКИМ Категорија:Академици на МАНУ