Пред населувањето на скандинавците, Данска била населена со Келтите. Најстарото данско писмо потекнува од околу 7 век кога настанала и нова рунска азбука. Најстариот град Риба, датира од 810 година. Сè до 11 век, Данците биле познати како Викинзи заедно со Норвежаните и Шведите, кои во тоа време колонизирале, напаѓале и тргувале со многу делови од Европа. Многу иследувачи тврдат дека токму Викинзите се оние кои за првпат пристигнале до Америка и дека всушност тие први ја откриле, патувајќи преку Скандинавија до Исланд преку Гренланд до Америка. Во различно време, Данска владееле со големи делови на Англија и Ирска, Норвешка, Шведска, Финска, Исланд и Франција, делови од Нормандија и Девичанските острови, делови од Балтичкото Море и денешна Германија. Сојузот со норвешка бил раскинат во 1814 година кога Норвешка влегла во сојуз со Шведска во 1905 година.

На 5 јуни 1849 година Данска станала уставна монархија. По Втората Шлесвишка војна од 1864 година, каде била принудена да и ја отстапи покраината Шлезвиг на Прусија, во Данска била прогласена политичка неутралност поради кое во текот на Првата светска војна не учествувала. По војната и поразот на Германија, на Данска и било понудено враќање на Шлезвиг-Холштајн, но таа тоа го одбила. Во 1920 година оваа покраина и бил вратен на Данска. Во текот на Втората светска војна, и покрај неутралноста таа била нападната од Германија во 1940 година и окупирана. По војната таа била една од основачите на НАТО а во 1973 година се приклучила кон Еврпската економска заедница подоцна наречена Европска унија.

Хронологија

3000 п.н.е. — 1500 п.н.е. — неолит, развој на земјоделствотоземеделие. 1500 п.н.е. — 400 п.н.е. — бронзено доба, развој на трговијата. 400 п.н.е. — 400 п.н.е.— почеток на железно доба. 450 преселување на англи|англите на островот Британија. 500 — преселување на дани|даните на полуостров Јитландија, и асимилација на неговото месно население 800 — преоѓање кон феудализам 826 — прва христијанска мисија во Данска. 850 — завладување со Североисточна Англија. 900 — завпјување на Северна Франција заедно со номади|номадите. 950 — умира првиот крал на Данска, Хорм Стари. 950—985 — кралот на Данска, Харалд I во кралството ги вклучил Јитландија, јужна Скандинавија и неколку острови 960 — примање на христијанството како официјална религија. 1018—1035 — крал Кнуд Велики, за кратко време ги обединил Данска, Англија и Норвешка. 1086 — востание, убиство на кралот Свети Кнуд IV . 1157—1182 — крал Валдемар I Велики. 1180—1181 — антифеудално востание во Сконе. 1182—1202 — крал Кнуд VI. 1202—1241 — крал Валдемар II. 1219 — завладување на Северна Естонија. 1227 — пораз во Битката кај Борнхеовед кое довело до загуба на територии населени со германи и словени 1282 — феудалците го принудиле крал Ерик V да потпише документ според кој му биле ограничени неговите права 1320 — пораз на кралските војски, ликвидација на кралската власт. 1340 —1375 — крал Валдемар IV Аттердаг. 1346 — пораз и загуба на Северна Естонија. 1367 — 1370 — Данско-ханзска војна, пораз на Данска. 1380 — унија на Данска со Норвешка. 1397 — основан Калмарскиот сојуз. Данска, Шведска заедно со Финска, Норвешка заедно со Исланд. 1448—1481 — владеење на крал Кристијан I. 15 век —16 век власта била раководена од страна на Кралскиот совет 1523 поништена унијата со Шведска 1600 прогласување на апсолутна монархија. 1814 Норвешка излегла од унијата. 1944 Исланд излегол од унијата.

Категорија:Историја на Данска