Човечкиот папиломен вирус или хуман папилома вирус (HPV — human papillomavirus) — папиломен вирус што ја заразува кожата и мукозните мембрани кај луѓето. Многу е поопасен за жени отколку за мажи. Идентификувани се околу 130 типови HPV. Некои типови на HPV предизвикуваат појава на брадавици (verrucae), некои предизвикуваат рак, а некои немаат никакви симптоми. Повеќето луѓе кои се заразени од HPV не знаат дека го имаат вирусот.
Околу 30-40 типови на HPV вообичаено се пренесуваат преку сексуален контакт и го заразуваат аногениталниот дел. Некои полово преносливи типови на HPV можат да предизвикаат генитални брадавици. Долготрајна инфекција со „високоризични“ типови на HPV кои се поинакви од оние што предизвикуваат брадавици можат да напредуваат до претканцерозни лезии и инвазивен карцином. Заразеноста со HPV е причина за речиси сите случаи на рак на грлото на матката. Меѓутоа, повеќето од овие типови не предизвикуваат болест.
За да се откријат измени на ткивото се зема цервикален Папаниколау тест. Ова овозможува прецизно хируршко отстранување на кондиломатозните и/или потенцијално претканцерогенозните ранички пред да дојде до развивање на агресивниот рак на грлото на матката. Иако проширеноста на Пап-тестирањето ја намали зачестеноста и фаталноста на ракот на грлото на матката во развиените држави, оваа болест сепак убива неколку стотици илјади жени годишно низ целиот свет. HPV-вакцините, гардасилот и цервариксот, кои спречуваат заразување со некои од полово преносливите типови на HPV што се воедно и најзастапени, може да водат кон намалување на бројот на канцери предизвикани од HPV.
Распространетост САД мини|десно|150п|Човечки папилома вирус Според проценки, HPV е најзастапената полово пренослива болест во САД. Повеќето сексуално активни мажи и жени, во одреден момент од својот живот, ќе се заразат со половата болест – HPV. *Note: The authors state on page S17 "Overall, these DNA-based studies, combined with measurements of type-specific antibodies against HPV capsid antigens, have shown that most (>50%) sexually active women have been infected by one or more genital HPV types at some point in time." Според објавените проценки на Американското здравствено здружение, околу 75-80% од сексуално активните Американци се заразуваат со HPV во одреден момент од нивниот живот. Повеќе од 80% од жените во САД до 50 години биле заразени од барем еден вид на полов HPV.Planned Parenthood "In fact, the lifetime risk for contracting HPV is at least 50 percent for all sexually active women and men, and, it is estimated that, by the age of 50, at least 80 percent of women will have acquired sexually transmitted HPV (CDC, 2004; CDC, 2006)."Medical News Today
Проценето е дека во 2000 година имало околу 6,2 милиони Американци заразени со HPV, на возраст од 15 до 44 години. Околу 74% од нив биле на возраст од 15 до 24 години. Од сите проучувани полово преносливи болести, за гениталниот HPV има најголем интерес.
Проценките за распространетоста на HPV варираат од 14% до повеќе од 90%."The prevalence of HPV reported in the assessed studies ranged from 14% to more than 90%." Една од причините за разликата е тоа дека некои од истражувањата во своите извештаи ги вклучуваат само жените што се заразени во моментов, а други истражувања ги вклучуваат сите жени што некогаш биле заразени. (originally published in the Washington Post as "More American Women Have HPV Than Previously Thought") Друга причина за несовпаѓањата е разликата на типовите за кои биле тестирани.
Едно истражување покажува дека од 2003 година до 2004 година, во секое време 26,8% од жените на возраст од 14 до 59 години биле заразени со барем еден тип на HPV. Оваа проценка била повисока од претходните. 15,2% биле заразени со еден или повеќе од високоризичните типови, кои предизвикуваат рак на грлото на матката. Меѓутоа само 3,4% биле заразени со еден или повеќе од четирите типови, кои се спречуваат со вакцината гардасил, што е секако пониска од другите проценки.
+ Распространетост на HPV според возраст Возраст (години) Распространетост (%)14 до 19 24,5%20 до 24 44,8%25 до 29 27,4%30 до 39 27,5%40 до 49 25,2%50 до 59 19,6%14 до 59 26,8%
Се забележува дека распространетоста се намалува со возраста. Ова може да се должи на отстранувањето на HPV од имунолошкиот систем, или неговото опаѓање до незабележливи нивоа иако е сè уште присутен во телото. HPV најверојатно ќе остане во клетките на заразениот неодреден период, и тоа најчесто во латентна состојба, но повремено ќе пројавува симптоми или болест. Недамнешни истражувања на Медицинскиот колеџ Алберт Ајнштајн и на Универзитетот во Вашингтон покажуваат дека HPV може целосно да се повлече кај луѓе со добар имунолошки систем. Изгледа дека во некои случаи вирусот останува во телото неодреден временски период и покажува симптоми при слабеење на имунолошкиот систем.
Рак на грлото на матката (Цервикален карцином) Жените кои не прават редовни испитувања за цервикален карцином значително си го зголемуваат ризикот за развивање рак, бидејќи промените, кои се потенцијално преканцерозни, нема да бидат забележани и нема да добијат соодветен третман. Околу 11% од жените во Америка не прават редовни испитувања за цервикален карцином. Според Американското здружение за борба против рак во 2008 година, околу 11.070 жители во САД ќе бидат дијагностицирани со инвазивен цервикален карцином, а околу 3.870 жени во САД ќе умрат од оваа болест.
Животен циклус на HPV Животниот циклус на HPV строго ја следи редослед на диференцијација на кератиноцитот на домаќинот. Се смета дека HPV-вирионот ги заразува епителните ткива преку микро-абразии, при што најчесто се врзува со рецептори како што се алфа интегрини и ламинини, што води до навлегување на вирионите во базалните епителни клетки преку клатрин-иницирана и/или кавеолин-иницирана ендоцитоза во зависност од типот на HPV. Во оваа фаза, преку непознат механизам, вирусниот геном се пренесува до јадрото и се реплицира во број од помеѓу 10-200 вирусни геноми по клетка. Тогаш се јавува софистицирана транскрипциона каскада, додека кератиноцитот на домаќинот започнува да се дели и сè повеќе да се диференцира од горните слоеви на епителот. Се смета дека вирусните онкогени, Е6 и Е7, го модифицираат циклусот на клетката, така што се задржува диференцираниот кератиноцит на домаќинот во состојба што е погодна за зголемување на реплицирањето на вирусниот геном и генскиот израз којшто следува. Е6 врзан со Е6-домаќин ВП (врзана белковина), којшто има убиквитин-лигаза, која делува врз убиквитинат-факторот р53 водејќи до негово протозомално разградување. Е7 (неонкогенски HPV) делува како примарна трансформациска белковина. Е7 брзо го врзува ретинобластома-белковината (pRb), ослободувајќи го тренскрипциониот фактор E2F да ги трансактивира своите цели, а со тоа ги турка клеточниот циклус на напред. Сите типови HPV можат да предизвикаат привремена пролиферација, но само типовите 16 и 18 можат да ги направат органелите трајни (in vitro). Исто така докажано е дека HPV 16 и 18 не можат сами да ги имортализираат клетките од стаорци, бидејќи мора да се активира и онкогенот ras. Во горниот слој од епителот на домаќинот, доцните гени L1 и L2 се транскрибирани и служат како структурални белковини, кои ги инкапсулираат (Инкапсулација е процесот на инкорпорирање секвенца од нуклеонска киселина (пр. вектор или вирусен геном) во вирусна честичка) во зајакнатите вирусни геноми. Вириони можат да се извадат од клетките од мртвите лушпи од епителот на домаќинот и вирусниот циклус сепак ќе продолжи.Bryan JT, Brown DR. Transmission of human papillomavirus type 11 infection by desquamated cornified cells. Virology 2000;281:35-42.
Латентен период Кога HPV вирион еднаш ќе навлезе во клетката, се јавува активна инфекција и вирусот може да се пренесе. Може да поминат повеќе месеци или години додека се развијат лушпести интерепителни ранички (SIL) што може да се детектираат клинички. Поради периодот што е потребен за активната инфекција да достигне ниво на болест што може клинички на се установи, заразениот/та тешко може да утврди кој партнер бил извор на заразата.
Типови HPV и поврзани болести Идентификувани се повеќе од 100 типови HPV и именувани се со броеви. Типовите 16,18,31,33,35,39,45,51,52,56,58,59 и 68 се „високоризични“, сексуално преносливи типови HPV и можат да доведат до цервикална интраепителна неоплазија (CIN), вулварна интраепителна неоплазија (VIN), пенилна интраепителна неоплазија (PIN) и/или анална интраепителна неоплазија (AIN). Болест HPV-тип Обични брадавици 2, 7 Плантарни брадавици 1, 2, 4 Плоснати брадавици 3, 10 Аногенитални брадавици 6, 11, 42, 43, 44, 55 и други Генитални карциноми Високоризични: 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 59Најверојатно високоризични: 26, 53, 66, 68, 73, 82 Верукозна епидермална дисплазија повеќе од 15 типа Фокална епителна хиперплазија (орална) 13, 32 Орални папиломи 6, 7, 11, 16, 32
Рак
Околу 12 типови HPV (вклучувајќи ги типовите 16,18,31 и 45) се наречени „високоризични“ типови, бидејќи можат да доведат до рак на грлото на матката (цервикален карцином), како и до карцином на анусот, карцином на вулва и пенилен карцином. За неколку типови HPV, особено за тип 16, е откриено дека се поврзани со орофарингеаен карцином со плочести клетки, вид на рак на глава и врат.Ridge JA, Glisson BS, Lango MN|display-authors= et al. "Head and Neck Tumors" in Pazdur R, Wagman LD, Camphausen KA, Hoskins WJ (Eds) Cancer Management: A Multidisciplinary Approach . 11 ed. 2008. Карциномите предизвикани од HPV, најчесто имаат вирусни секвенци интегрирани во клеточната ДНК. Некои од „раните“ HPV-гени, како што се Е6 и Е7, најчесто делуваат како онкогени, кои поттикнуваат раст на тумори и злоќудни трансформации. Оралната HPV-инфекција го зголемува ризикот од орофарингијален карцином, без разлика на тоа дали заболениот консумира тутун или алкохол.
Белковината р53 го спречува растот на клетките и стимулира апоптоза при ДНК-оштетување. Тоа предизвикува зголемување на нивото на ВАХ-белковина, при што се блокираат антиапоптичните ефекти на митохондрискиот ВСL-2 белковина.Како резултат р53 исто така го зголемува нивото на белковината р21, кој го блокира формирањето на Циклин Д/Цдк4 комплексот, спречувајќи ја фосфорилацијата на RB (ретинобластома-белковина), и со тоа онеспособувајќи ја прогресијата на клеточниот циклус преку спречување на активацијата на Е2F. На кратко р53 е тумор-супресорски ген, кој го стопира клеточниот циклус ако постои оштетување на ДНК. Белковините Е6 и Е7 дејствуваат со тоа што ги попречуваат тумор-супресорските гени, кои ќе им застанат на патот: Е6 го попречува р53, додека Е7 ги попречува р53, р21 и RB. Е6 - Оваа белковина е тесно поврзана со клеточната белковина наречена Е6-ВП (Е6 - врзана белковина). Е6-ВП е вклучен во патиштата на убеквитин-лигазата. Систем којшто разградува белковини. Е6-ВП го врзува убеквитинот со белковината р53, а со тоа го ослабува за протозомално рзградување.
Се смета дека заболувањето од еден или повеќе високоризични типови HPV претставува склоност за развој на цервикален карцином (најголемиот дел од HPV-заболувањата не се високоризични). Според Американското здружение за борба против рак, кај жените кои никогаш не биле заболени од вирусот не се развива овој тип на рак. Имунолошкиот систем ги отстранува повеќето HPV-заболувања и тие не напредуваат до цервикален карцином. Карцином се појавува кај луѓе, кои биле заболени од HPV долг период, најчесто повеќе од една деценија, бидејќи процесот на трансформација на нормалните цервикални клетки во канцерозни е бавен.Greenblatt R.J. 2005. Human papillomaviruses: Diseases, diagnosis, and a possible vaccine . Clinical Microbiology Newsletter, 27(18), 139-145. Abstract available.