thumbnail|250px|right|Јужниот крај на островот Сен-Луј (на француски Île Saint-Louis), виден од Мостот де ла Турнел. Островот Сен-Луј е еден од двата природни острова на реката Сена, во Париз, Франција (другиот природен остров е Ил-де-ла-Сите, додека Островот на лебедите - Ил-де-Сињ е вештачки). Островот е наречен по кралот Луј IX од Франција (Кралот Свети Луј или на француски Сен Луј).

Островот е поврзан со останатиот дел на Париз со мостови. Порано се користел како складиште сè додека не бил урбанизиран во 17-от век за време на владеењето на кралевите Анри IV и Луј XIII. Тој претставува мирна оаза среде бучниот париски центар. Има 2 автобуски станици и нема метро станица. Поголемиот дел е наменет за живеење, но има и неколку ресторани, продавници, кафулиња како и една голема црква, црквата Сен-Луј на островот.

Мостови Мостот Сен-Луј од Ил де-ла Сите; Мостот де ла Турнел од Левиот брег; Мостот Луј-Филип Десниот брег; Мостот Мари од Десниот брег; Мостот Сили од Десниот и Левиот брег.

Библиографија : "Island in the Seine", pp. 10-17

Поврзано Бертијон Ламбертски дом

Надворешни врски L'Île Saint Louis current photographs and of the years 1900 Ile Saint Louis information : history and today

Категорија:Географија на Париз Категорија:Острови на Сена