Леонард Алберт “ Лени “ Кравиц (англиски: Leonard Albert Kravitz, р. ) е американски пејач, текстописец, мулти-инструменталист, продуцент, аранжер, чиишто „ретро “ стил вклучува елементи од рок, соул, фанк, реге, хард рок, психодилична, фолк музика како и балади. Покрај пеењето и придружните вокали додека снима, Кравиц често свири на сите гитари, басови, тапани, клавијатури, ударни инструменти. Тој е познат по неговата секогаш добро наместена сцена и спотовите. Кравиц имал многубројни хитови на прво место на US Top синглови, и многу други пошироко во светот. Тој ја добиваше Греми наградата за “ Најдобар машки вокален рок изведувач “ четири години по ред, од 1999 до 2002 година, рушејќи го рекордот со најмногу и нај непрекинати победи во таа категорија. Тој бил номиниран многупати, и има добиено многу престижни награди како Американските Музички награди, МТВ Видео музичките награди, Радио Музичките награди, Британските награди, И Блокбастер Ентертејмент наградите. Тој има продадено околу 38 милиони албуми низ светот .
Животопис
Кравиц е роден во Њујорк, на 26 мај 1964 година, син на Рокси Рокер, глумица позната по улогата на Хелен Вилис во хит телевизиската комедија од 1970 година Џеферсонови, и Су Кравиц продуцент на вести во НБЦ . Татко му на Кравиц има потекло од Руски Евреи, а мајка му има Бахамско потекло. Кравиц е крстен по неговиот чичко Леонард Кравиц којшто бил убиен во борба на 6 март 1951 во Кореја на 20 годишна возраст. Тој бестрашно се бранел од нападот на Кинеската Армија што ги изненадил, заштитуваќи поголем дел од неговиот вод ; тој бил посмртно награден од Distinguished Service Cross , вториот по ред највисок воен додаток во Американската Армија .
Кравиц пораснал поминувајќи ги деновите со неговото семејство во повисоката источна страна на Менхетен , а викендите кај неговата баба, куќата на Беси Рокер во Бедворд –Стивесант, маало во Бруклин. На три години, Кравиц удирал по тенџерињата и тавите во кујната, како да се тапани. На петгодишна возраст посакал да биде музичар. Тој почнал да тропа на тапани, а набрзо почнал и со свирење на гитара. Кравиц пораснал слушајќи музика што ја слушале неговите родители, Р&Б, џез, класична, опера, евангелистичка И блуз. „ Моите родители ми беа голема поддршка кога рано започнав да ја сакам музиката, и ме носеа на многу шоуа “ изјавува Кравиц."Henderson. (2002).
На возраст од околу 7 години, тој ги видел Џексон 5 како настапуваат, и тие станале негова омилена група.Hodgkinson, Will (July 5, 2002). "Home entertainment: Lenny Kravitz ". The Guardian. Неговиот татко, којшто бил и џез промотер, бил пријател со Дјук Елингтон, Сара Вон, Каунт Бејзи ,Ела Фицџералд, Боби Шорт, Мајлс Дејвис и други џез големци. Една година, кога полнел 5 години, Елингтон дури и му ја пеел Happy Birthday .Norment, Lynn (June 1994). Тој бил изложен на соул музиката на Мотовн, Стакс, Џејмс Браун, Арета Френклин, Ал Грин, Стиви Вондер, Куртис Мејфилд, Гледис Најт, Гембле и Хаф, и растејќи оваа музика влијаеала на неговиот музички стил. Кравиц често го посетувал Њујоршкиот театар каде што работела неговата мајка. Неговата мајка го охрабрувала во неговите музички соништа .
Во 1974 год, семејството Кравиц се сели во Лос Анџелес, поради добиената улога на мајка му во Џеферсонови. По ургенции на неговата мајка, Кравиц се приклучува кон Калифорнискиот машки хор , три години каде што изведува класичен репертоар и пее со Метрополитната Опера. Тој има учевствувано во Малеровата Трета Симфонија во Холивуд Боул. Во Лос Анџелес, Кравиц се запознава со рок-музиката, слушајќи ги Битлси, Ролинг Стоунс, Лед Цепелин, Џими Хендрикс, Грејтфул Дед, Aerosmith, Блек Сабат, Creedence Clearwater Revival, Kiss, Пинк Флојд и The Who.Hodgkinson, Will (July 5, 2002). „Бев привлечен од еден кул стил, девојки, рокенрол, стил на живеење “ вели Кравиц. Други музички влијанија во ова време имал од Фела Кути, Бил Витерс, Марвин Геј, Фароа Сандерс и Мајлс Дејвис понатака е потврдено дека влијание на неговата музика имале и Џон Ленон и Боб Марли. Кравиц одел во Средното училиште Беверли Хилс. Професори му биле Мараја Мек Ки и гитаристот Сол Хјудсон. Во 1978 година Кравиц бил примен во добро почитуваната музичка програма. Тој мислел дека добро свири пијано и бас, и се спријателил со Зоро што подоцна станува негов долгогодишен соработник.Evans, Mia "The Faith of Zoro ". Кравиц сакал да стане студиски музичар. Во ова време се има појавувано и на телевизиски реклами како глумец .
Кравиц одел во училиште што му било доволно само да поминува, и сè повеќе и повеќе трошел време дружејќи се со другарите. Неговите родители се загрижиле и сакале да има нешто на што ќе се навлече. На 15 години, Кравиц решен да има музичка кариера се сели од дома. Тој седел со другарите, преспивал во колите на другарите, има спиено и во неговото Форд Пинто. Инспириран од Дејвид Боуви, Кравиц го присвојува името „Romeo Blue “ и настанува една нова комплетна личност со исправена коса, сини леќи, која почнува со настапи. Благо влијание врз музиката на Кравиц во овој период има стилот на Принц. Во 1982 година Кравиц матурирал и го наговорил татко му да му даде пари за снимање, наместо за факултет. Со своето снимено прво демо Кравиц добива понуди од неколку продуцентски куќи вклучувајќи го И.Р.С Рекордс, но му било кажано дека треба да ја смени својата музика, за да ја направи „доволно црнечка “ за да се вклопи во тогашните Р&Б радио стилови. „Одбив “ изјави Кравиц во 1989 год за Лос Анџелес Тајм .
Приватен живот
Во 1985 год, родителите на Кравиц се разведиле, што оставило длабока трага врз него. Неговата врска со татко му станала екстремно напорна. За да се справи со овој период, Кравиц се фокусирал на музиката. Таа година, на концертот на Њу Едишн, Кравиц ја запознава глумицата Лиза Бонет. Лиза работеше на шоуто Козби, најгледаното телевизиско шоу. Тие беа блиски пријатели околу две години пред да се заљубат еден во друг. Кравиц повторно се преселува во Њујорк, сега со својата девојка Лиза, каде што се продуцира шоуто Козби 1987 год. На 16 ноември 1987 год, на нејзиниот 20 ти роденден, Кравиц и Бонет “ побегнале “, правејќи Лас Вегашка церемонија. Кравиц, сѐ уште познат како Синиот Ромео, се нашол на насловните на таблоидните весници. Тие имаат ќерка Зое Изабела Кравиц, родена на 1 декември 1988 год. Кравиц и Бонет се разведија во 1993 год.
Кравиц се забавувал со француската пејачка и модел Ванеса Паради од 1991 до 1996 година. Тој започнал да се забавува со бразилската манекенка Адријана Лима во 2001 година и тие живееле заедно пред да се свршат во 2002 година. Свршувачката била откажана во август 2003 година. Во 2003 год, Лени Кравиц почна да излегува и бил свршен со Никол Кидман. Во 2004 год, тие раскинаа. Во септември 2007 год, за Vanity Fair , Никол Кидман обелодени дека измеѓу разводот со Том Круз и венчавката со Кејт Урбан, таа била тајно свршена со некој. Всушност, многу извори тврдат дека “ мистериозниот маж “ е Лени Кравиц. Ниту претставниците на Кравиц, ниту на Никол ја демантираа или потврдија оваа гласина .
Кравиц се идентификува и како Христијанин и како Евреин, што двете ги опишува како „ исти за него “. Тој вели дека духовното е битен дел од неговото растење, бидејќи е воспитуван од родители од различни раси. Исто така, духовното е вклучено и во многу од неговите песни, како и текстовите на неговиот албум Baptism, како и во текстот на неговата тетоважа „Јас верувам во Исус Христос “. Во едно интервју на шега има кажано : “ Јас сум половина Евреин, половина црнец, се пронаоѓам измеѓу “.
Кариера
1989 -1990 Вирџин Рекордс и почеток на неговата кариера
Со продуцентски куќи што сè уште му кажуваат дали неговата музика е доволно црнечка или доволно белечка, Кравиц одлучува сам да си сними албум. Во 1985 год, кога го снимал своето демо во Њу Џерси, тој го запознава клавијатуристот и басист Хенри Хирч. И двајцата имале исти интерес околу Р & Б, џез и рокот, како и користењето на вистински инструменти и стара опрема за снимање. Кравиц, на повеќето од своите албуми, продолжува да соработува со Хирч. Наредната година и пол, Кравиц заедно со Хирч започнува со работа на неговиот прв албум, а неговиот татко му помагал финансиски. Кравиц го запознава саксофонистот Карл Денсон, И го поканува да свири на неговата песна „Let Love Rule “. Кравиц беше толку импресиониран од неговото свирење, што Денсон свири на повеќе негови песни од албумот. Наредните пет години Денсон одел заедно со Кравиц на турнеи. Откако завршува со албумот, Кравиц се среќава со Вирџин Рекордс .Продуцентската куќа беше одушевена од музиката што тој ја правеше, музика инспирирана од врската со неговата сопруга Бонет и нивната ќерка. Кравиц го остава името Синиот Ромео. За неговото име Синиот Ромео, тој вели : „ Конечно ме врати сам на себе. И кога се прифатив сам себеси, музиката почна да извира од мене “.Henderson. Во 1989 год, Кравиц потпиша со Вирџин Рекордс. Кравиц го издаде својот деби албум “Let Love Rule” на 6 септември 1989 год, комбинација од рок и фанк, и основни вибрации од 60 те години. Музичките критики беа различни : некои мислеа дека Кравиц е новиот талентиран уметник, а некои дека е совладан од неговите музички влијанија. Албумот доживеа умерен успех во САД, но огромен успех надвор од САД, посебно во Европа. Лиза Бонет се појави во неговиот спот за песната „Let Love Rule” .
1991 -1996 Стекната популарност
Во 1990 год, заедно со Ингрид Чавес ја напишаа и продуцираа песната на Мадона „Justify My Love “. Песната што се појави на нејзиниот албум со најголеми хитови The Immaculate Colltionec , И предизвика дискусии поради експлицитниот спот, се најде на првото место на топ листите. Кравиц се раздели со Лиза во 1991 год, помеѓу гласините дека тој и Мадона имаат афера. Кравиц демантираше секаква неверност."Behind The Music: Lenny Kravitz". (1999). Кравиц и Бонет се разведија во 1993 год .
Во 1991 год, Кравиц го продуцираше истоимениот албум Ванеса Парадиз за француската пејачка Ванеса Парадиз. Тој свиреше на повеќето инструменти, И ги напиша повеќето песни на албумот. Тој го издаде и неговиот втор албум Mama Said , што е неговиот прв албум што стигнува до Топ 40. Песните на албумот се посветени на Бонет, документирајќи ја неговата депресија за нивното раскинување.Norment, Lynn (June 1994). "Lenny Kravitz: brother with a different beat – musician". Ebony. Retrieved on August 19, 2007. Најголемиот сингл дотогаш, “ It Ain’t Over Till It’s Over “, се искачи на 2ро место на Билборд Хот 100. Песната “Always On The Run “, вклучувајќи го И Слеш на гитара е направена со почит за неговата мајка. Следеа : “ “ Stand By My Woman “ И “ What Goes Around Comes Around “. Шон Ленон ја напиша И ја свиреше на пијано “ 'All I Ever Wanted' “ .
Во 1993 год ја пишува “ Line Up “ за Стивен Тајлер од Аеросмит, И се појавува во соло албумот на Мик Џегер, како И на обивката на соул класикот на Били Вајтерс Wandering Spirit, “Use Me “ . Таа година Кравиц исто работеше со неговите идоли Ал Грин И Куртис Мејфилд .
Во 1993 год, беше издадена Are You Gonna Go My Way , стигнувајќи до 2рото место на Билборд 200 И Кравиц доби Британска награда за најдобар меѓународен машки артист за 2004 год .
За време на настапот на МТВ Видео Музичките награди тој ја изведе песната на бас заедно со Џон Пол Џонс од Лед Цепелин. Следуваат повеќе песни од албумот како : “Believe", "Is There Any Love In Your Heart", и "Heaven Help/Spinning Around Over Youе. Во овој албум првпат се истакнува гитаристот Крег Рос, што исто така свири и во наредните албуми. Песната “ Eleutheria “ е инспирирана од островот Елеутерија што се наоѓа на Бахамите, каде што во тоа време Кравиц изгради куќа и студио за снимање.
Во 1994 год, Кравиц сними фанк – рок верзија на песната “Deuce “ за албумот на КИС, KISS My Ass . Траката го влучува Стиви Вондер на хармоника, како и следечки вокали. Овој сингл беше еден од трите радио песни од албумот, како И негова почетна песна .
Мајката на Кравиц, Рокси Рокер, почина од рак на дојка на 2 декември 1995 год, на возраст од 66 години, во Калифорнија .