Флавиј Зенон (латински: Flavius ​​Zeno; грчки: Ζήνων) — византиски цар во периодот од 9 февруари 474 до 9 јануари 475 година и за вторпат од август 476 до 9 април 491 година. Зенон е еден од најистакнатите рани источноримски цари од Тракиската односно од Лавовата династија.

Зенон бил активен и енергичен владетел, но неговото управување било отежнато од чести немири и верски несогласувања. Тој се обидел да ги контролира остатоците од Римското Царство на запад и во исто време придонел многу за стабилизирање на Истокот, иако тоа го чинело премногу.

Рани години

По потекло Зенон бил исавриец, со вистинско име Тарасис (Tarasicodissa, односно "Тарасис, син на Кодиса"The sources call him "Tarasicodissa Rousombladadiotes", and for this reason it was thought his name was Tarasicodissa. However, it has been demonstrated that this name actually means "Tarasis, son of Kodisa, [coming from] Rusumblada", and that "Tarasis" was a common name in Isauria (R.M. Harrison, "The Emperor Zeno's Real Name", Byzantinische Zeitschrift 74 (1981) 27–28).), водач на планинско полунезависно племе од областа Исаврија, северна Сирија. Татко му се викал Кодиса (Kodisa), а неговата мајка Лалис. Поголемиот брат на Зенон бил Флавиј Лонгин, кој бил конзул во 486 година.

Тарасис бил оженет за Аркадија, од цариградската аристократијаCroke, pp. 160–161.. Според легендата имале две ќерки, Хиларија и Таопеста, кои биле посветени на христијанскиот животTerry G. Wilfong, Women of Jeme: lives in a Coptic town in late antique Egypt, University of Michigan Press, 2002, ISBN 0-472-06612-9, p. 35.. Веројатно бил роднина на исавријския војсководец Флавиј Зенон (конзул во 448 година). Зенон и Аркадија живееле од средината на 460-те години во Цариград.

Царот Лав I Тракиецот решил да ја зголеми улогата на исавриците како начин за спротивставување на силната фракција на ГотитеCroke, pp. 166–168.. Лав I го забележил Тарасикодиса, откако во ококу 464 година тој му покажал 466 документи кои го направиле Ардабур, синот на војсководец Аспар осомничен дека подготвува државен ударCroke, pp. 185–186..

Лав го повикал Тарасикодиса во Цариград, за да го направи еден од главните војводи во борбата против Готите. Потоа тој бил направен зет и престолонаследник на царот, оженувајќи се за царската ќерка Елија Аријадна. Во тоа време тој го променил своето име во Зенон, а по смртта на царот Лав I во јануари 474 година, Зенон станал соцар на малолетниот Лав II, негов син од Аријадна . Кога Лав II се разболел и предвремено починал при нејасни околности, само по околу девет месеци од заедничкото управување, Зенон биол прогласен за источноримски (византиски) цар (во ноември 474 година) и покрај општото незадоволство.

Управување

Во јануари 475 година Василиск, брат на Елија Верина - тешта на Зенон, го узурпирал престолот со нејзина помош и Зенон бил принуден да побегне од Цариград во АнадолијаCroke, pp. 188–190.. Но Василиск брзо ја изгубил популарноста во главниот град, додека Зенон ги организирал малоазиските војници против него. 20 месеци подоцна Зенон се вратил на власт, поддржан од исавријците, го соборил од власт на узурпаторот Василиск и сурово ги казнил своите противници.

Во времето на Зенон бил ставен крај на Западната Римското Царство, по соборувањето на последниот цар Ромул Августул. Овој настан од повеќето историчари го одбележуваат како крајот на античката епоха.

Во септември 476 година, само неколку недели по второто искачување на престолот на Зенон, германскиот водач Одоакар го детонизирал на Ромул Августул во Равена. Тој имал избор или да владее преку некој цар, кого би го контролирал, или да владее како клиент на византискиот цар. Одлучил формално да му ја врати царската власт на византискиот цар Зенон во Цариград. Зенон го прогласил за воен командант (dux) на Италија и го ставил меѓу патрициите. Одоакар ковал златници во име на Зенон, со што покажувал дека ја почитува формалната власт на Византија. Неспособен да се меша во политиката на Одоакар, Зенон конечно го испратил Теодорих против него.

Војна со Готите

Во управувањето на Зенон се водат многу конфликти со готските водачи во Мизија и Панонија. Балканските провинции на империјата биле жртва на постојаните упади на варварите. Уште во 474 година готскиот предводник Теодорих Страбон кренал востание и учествувал во превратот против Зенон. Подоцна царот безуспешно се обидувал да го привлече на своја страна друг готски војвода - Теодорих Амал. Според Јован Антиохиски, Зенон ги повикал Бугарите за сојузници, но мизиските Готи успеале да се заштитат од Бугарите и повторно кренале востание. Востанието продолжило до 487 година кога Зенон склучил договор со Теодорих според кој Остроготите биле испратени во војна против Одоакар во Италија, каде добиле право да се населат и да основат своја држава. Со ова, готското присуство на Балканот завршилоStephen Mitchell, A history of the later Roman Empire, AD 284–641: the transformation of the ancient world, Wiley-Blackwell, 2007, ISBN 1-4051-0856-8, pp. 118–119.

Внатрешни војни

Во 479 и 480 година поддржувачите на Маркијан, внук на царот Маркијан, кренале две востанија против Зенон, и тоа во престолнината и во Мала Азија. Во востанието во Цариград, Зенон излегол како победник, а Маркијан бил испратен во манасрир но подоцна повторно учествувал во заговор против власта. Во 484 година исавријскиот генерал Ил и повторно Верина, тешта на Зенон, застанале против царот, обидувајќи се да го наметнат неговиот соперник Леонтиј на престолот, но тие конечно биле разбиени во Мала Азија четири години подоцна.

Во 482 година Зенон го издал едикт Енотикон (Henotikon, "Покајание") со цел да го реши спорот меѓу монофизитите и православните христијани. Во едиктот биле објавени решенијата од првите три вселенски собори, но најважното прашање за Христовата природа намерно не била засегната. Потпишувањето на "Енотикона" од египетскиот патријарх Акакиј станало повод за негово анатемосвање од папата Феликс. Така започнала т.н. Акакиева шизма која траела 35 година, во кој период немало никаков контакт меѓу источната и западната христијанска црква. Зенон во тоа време станал еден од најомразените цари во Цариград, што најмногу се должело на неговото потекло и постојаните немири во власта.

Зенон починал на 9 април 491 годинаTheophanes the Confessor, 135,31–136,5. Cited in Michael Whitby, The ecclesiastical history of Evagrius Scholasticus, Liverpool University Press, 2000, ISBN 0-85323-605-4, p. 164., веројатно како последица на епилепсијаEvagrius Scholasticus, 3.29.. Според легендата Зенон се разбудил три дена по погребот, но никој не посакал да одговори на плачот за помош и да ја отвори гробницата.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 425 година Категорија:Починати во 491 година Категорија:Византиски цареви од 5 век Категорија:Конзули на Римското Царство Категорија:Династија Лав Категорија:Погребани во црквата „Свети Апостоли“