Ѓорче Петров ЖРК — женски македонски ракометен клуб од Скопје кој се натпреварува во македонската суперлига.

Под името Кометал Ѓорче Петров, клубот освоил 17 титули во македонската суперлига и 16 титули во македонскиот куп во периодот од 1993–2009 година. Во европски рамки, клубот бил европски шампион во 2002 година и европски вицешампион во 2000 и 2005 година.

Континуитетот на Кометал ЃП го продолжил клубот Ѓорче Петров кој во сезоната 2021–22 ја освоил 18. титула првак на Македонија.

Историја Клубот е основан во 1979 година под името Женски ракометен клуб Ѓорче Петров. До осамостојувањето на Македонија, ЖРК Ѓорче Петров се натпреварувал во сојузните лиги на поранешна СФРЈ, а по добивањето на независноста и формирањето национална ракометна лига, клубот станал синоним за македонскиот ракомет со освоени 17 титули во македонската суперлига и 16 титули во македонскиот куп.

Во својата прва европска сезона во Лигата на шампионите во 1993 година, по победата од 20–16 во Скопје над тогаш четирикратниот европски шампион Хипо од Виена, во ЖРК Ѓорче Петров како главен спонзор влегол „Кометал трејд“ на чело со Трифун Костовски, кој инвестирал во клубот, претворајќи го во европски ракометен шампион. Најголемите успеси на Кометал ЃП на меѓународна сцена се освојувањето на титулата европски шампион во сезоната 2001–02 година (победа над Ференцварош) и вицешампионските титули во сезоните 1999–00 (пораз од Хипо) и 2004–05 (пораз од Шлагелсе). Во 2002 година, Кометал ЃП го освоил европскиот суперкуп.

По заминувањето на главниот спонзор, управата на клубот одлучила клубот да згасне, а тоа се случило на 16 септември 2011 година. РК Ѓорче Петров престана да постои Ohridnews; 9 септември 2011

По згаснувањето на клубот, бил формиран нов клуб со првичното име ЖРК Ѓорче Петров од страна на Владимир Радиќ, кој долги години бил дел од стручниот штаб на Кометал Ѓорче Петров. На прославата на 20-годишнината од освојувањето на европската титула на Кометал Ѓорче Петров, поранешниот спонзор на клубот, Трифун Костовски и претседателот Иван Бојков ги предале титулите на новоформираниот ЖРК Ѓорче Петров, кој станал наследник на спортскиот континуитет и постигнувања на поранешниот европски првак Кометал Ѓорче Петров.Кометал ги остави во аманет трофеите – Ѓорче Петров ја продолжува традицијата…(ФОТО) 24rakomet.mk; 19 мај 2022

Во сезоната 2021–22, Ѓорче Петров ја освоил својата осумнаесетта титула во суперлигата на Македонија и бил финалист во македонскиот куп, во кој бил поразен од Металург.Куп-трофејот се врати во Автокоманда, ЖРК Металург го надигра Ѓорче Петров! gol.mk; 15 мај 2022

Моментален состав Состав за сезоната 2022–23

Голмани 12 Зорица Хасаноска 16 Слободанка Кицеска 46 Софи Ѓошевска Десни крила 4 Ива Петровска Леви крила 7 Златица Васевска 19 Јана Грковска 71 Ангела Цветановска 77 Анастасија Николовска Пивоти 3 Анастасија Трпеска 8 Ања Велкова 18 Катерина Дамјаноска 55 Ива Велкова

Леви бекови 15 Марија Јанкуловска 27 Ангела Јанкуловска 97 Милица Николиќ Средни бекови 10 Емилијана Ризоска 11 Мила Ѓорѓиевска 26 Ана Марија Коларовска Десни бекови 14 Симона Василева 17 Теодора Дукоска

Титули Македонија Македонска Суперлига: (21): 1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2022, 2023, 2024, 2025 Куп на Македонија: (16): 1993, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009 Европа Лига на шампиони: (1): 2002 (2): 2000 и 2005 Европски суперкуп: (1): 2002 (1) : 2004

Поранешни истакнати играчи

Едуарда Аморим Ана Каролина Аморим Мирјета Бајрамоска Душица Ѓорѓиевска Елена Ѓорѓиевска Ленче Илкова Драгица Кресоја Оксана Маслова Наташа Младеновска Савица Мркиќ Гонца Нахчиванли Алегра Охоланга Локи Драгана Пецевска Јулија Портјанко-Николиќ Марија Штериова Веселинка Треноска Клара Боева Индира Кастратовиќ Гордана Нацева Андријана Будимир Олга Бујанова Наталија Тодоровска Валентина Радуловиќ Луминица Дину Нарциса Лекушану Јелиз Озел Татјана Медвед Анжела Платон Милева Велкова Мирјана Чупиќ

Наводи

Надворешни врски Профил на Eurohandball.com

Ѓорче Петров Категорија:Појавено во 1979 година во Македонија Категорија:Ракометот во Скопје