thumb|right|300px|Кит убиец, грнчарство од насканската култура, музеј Ларко, Лима, Перу.
За други значења на поимот Наска видете Наска (појаснување)
Насканска култура — развиена култура на тлото на Јужна Америка, поточно на територијата на денешно Перу. Таа напредувала од I до VIII век покрај сушниот јужен брег на Перу во речната долина од пресушената Рио Гранде де Наска и во долината Ика. Поради влијанието од претходната паракаска култура која била позната по сложените ткаенини, во насканската култура била создадена палета прекрасни уметнички дела и техники како керамика, текстил и геоглифи (најчесто познати како наскански линии). Тие исто така изградиле и величествен систем на подводни аквадукти, познати како пукиоси, кои и денес се функционални.
Општеството на раната насканска култура била составена од локални поглаварства и регионални центри на моќ кои биле центрирани околу Кахуачи, што претставувало неурбано церемонијално место на ритчиња и брегови. Теориите кои потекнуваат од различни ископувања на Кахуачи се претпоставува дека местото било дом на обреди и гозби кои биле поврзани со земјоделството, водата и плодноста.
Поради екстремната природа на околната животна средина не постои сомневање дека поголем дел од религиозните верувања на Наска се однесувале на плодноста и земјоделството. На голем дел од уметноста од Наска се прикажуваат моќни природни богови како: мистичниот кит убиец, жетварите и мистичната дамчеста мачка, змијулестото суштество и најзастапената од сите обожувани фигури, антропоморфичното мистично суштество. Наските се најпознати по насканските линии, кои се геоглифи со прикази на различни геометриски и стилски фигури.
Општество
Временски интервал
Општеството на Наска се развивало во период, кој е поделен на следните фази: пранасканска (1100 п.н.е. — 1), ранонаски (4—450), среднонаскански (450—550) и доцнонаскански (550—750)Вон, 2006..
Социјална структура thumb|right|250px|Преткокумбовски култури во Јужна Америка.
Општествената структура на раната насканска култура била составена од локални поглавари и регионални центри на моќ кои биле сместени околу Кахуачи, што претставувало неурбано церемонијално место на ритчиња и бреговиВалдез, 1994.. Во теориите кои потекнуваат од различни ископувања на Кахуачи се претпоставува дека местото било дом на обреди и гозби кои биле поврзани со земјоделството, водата и плодноста. Ова можеби било резултат на влошувањето во околината, а распаѓањето на центарот можеби било причина за таквото влошување. Кахуачи се наоѓа на долниот дел од долината Наска и првично била населена во доцната фаза на Паракас. Целосно е уникатна од останатите наскански наоѓалишта од регионот и дефинитивно претставува важно наоѓалиште во изучувањето на културатаВалдез, 1995.. Тоа претставува место на хуака (ридови) кои од луѓето биле преработени во пирамидални брда.
Ископувањата на Кахуачи на археолозите им го дале клучот за увид во културата. Меѓу материјалните остатоци кои биле пронајдени во ископините биле вклучени голем број на полихромни предмети, докази за постоење на пченка, тиква, грав и кикирики, како и риби, обични и украсни ткаенини, одредени количини на злато и школки, како и палета на обредни реквизити. Остатоците од грнчарија кои биле најдени во Кахуачи, ги навело археолозите да веруваат дека местото било по природа специфично и церемонијално. Односот меѓу обичното, практично грнчарство и украсното, полихромно грнчарство изнесувал 30% со 70%Силверман, 1988.. Доколку на пример, местото било урбан центар, количината на практичната керамика веројатно би била многу поголема. Изградбата на Кахуачу била прекината и се верува дека местото било напуштено на крајот од третиот период во развојот на Наска. Иако постојат многу веројатни причини за распаѓањето на Кахуачу, процутот и опаѓањето на церемонијалното користење на ова место често се поврзува до панандската суша.
Подоцнежното општеството на Наска било структуирано на сличен начин како и претходно, но изградбата на големи архитектонски комплекси како оние во Кахуачи се намалилаСилверман и Проулкс, 2002.
Религија right|150px|thumb|Насканска мумија Поради екстремната природа на околната животна средина, не постои сомневање дека поголем дел од религиозните верувања на Наските се однесувале на плодноста и земјоделството. На голем дел од насканската уметност се прикажуваат моќни природни богови како мистичниот кит убиец, жетварите и мистичната дамчеста мачка, змијулестото суштество и најзастапената од сите обожувани фигури, антропоморфичното мистично суштество. За разлика од денешната Моче култура, за да се предизвикаат визии, шаманите користеле халуциногени дроги, како што е исцедокот од кактусот Сан Педро. Користењето на такви супстанци е прикажано и на сликите кои се наоѓаат на грнчарските предмети, кои се поврзуваат со културата. Религиозните настани и церемонии се одржувале во Кахуачи. Овие церемонии се одржувале за да се слават боговите на природата, за да помогнат во зреењето на земјоделските производи и зголемувањето на количеството вода. За тоа време, сите членови од заедниците од околните села патувале до центарот за да учествуваат во гозбата. Луѓето кои не припаѓале на елитата можеле преку гозбата да добијат стоки од голема вредност како што биле украсните полихромни глинени садови. За возврат, припадниците на елитата можеле да ги зајакнат нивната политичка моќ и статус и истовремено да ги избираат обичните граѓани да работат и да градат во местотоСилверман, 1988.
Традиционалните глави
Сè уште постои дебата околу целта на трофејните глави, односно дали биле воени трофеи или обредни предмети. Тешко е точно да се одреди која била вистинската намена на овие глави. Визуелните прикази за често се прикажуваат со приказите на оружја и воена облека, но овие типови на облека можеле да се носат само при церемонијални пригодиДеЛеонардис, 2000.. Поимот „трофејна глава“ бил скован од археологот Макс Уле, кој сметал дека приказите на отсечени глави од античката уметност од Перу се поистоветувала со трофеи земени при војувањето. Тие се сметале и за трофејни предмети поради фактот што сите имале една заедничка модификација, дупка во челото за да може да се прикажуваат или да се носатБраун, Силверман и Гарсија, 1993. Многу погреби на припадниците од Наска се познати како „делумни погреби“. Во делумните погреби обично биле вклучени купови на екстремитети, неколку глави или тела на кои им недостасувале деловиДеЛеонардис, 2000. Откриени се неколку гробници каде недостига глава од скелет, која била заменета со нешто што најдобро е познато како „главечка тегла“. Главечката тегла претставувала керамички сад на која била насликана човечка глава, а околу неа дрва и растенија. Во средниот период од развојот на Наска, драматично се зголемил бројот на пронајдени отсечени глави, а бројот се намалил во доцниот период, и покрај тоа што оваа практика и во овој период била популарна. Од доцната иконографија на Наските се посочува дека престижот на водачите од доцниот период на Наските бил зголемен со успешниот лов на главиБраун, Силверман и Гарсија, 2003.
Уметност и технологија
Грнчарство
thumb|right|200px|Рибовидна фигура од Кахуачи. мини|200п|десно|Керамички сад.
Културата во Наска се одликувала со своите прекрасни полихромни грнчарски садови обоени со најмалку 15 различни бои. Промената од сликањето со калифониум, сликањето со ленти пред печењето го означува крајот на параскиот грнчарски стил и почетокот на насканскиот грнчарски стил. Употребата на сликањето со ленти пред печењето значело дека имало многу експериментирање за да се утврди, која боја се создавала од кои ленти. Голем дел од грнчарските предмети се состојат од шишиња со две грла, чинии, чаши, вазни и скулптурни форми. При археолошките ископувања, биле откриени многу вредни полихромни грнчарски предмети, кои ги поседувале припадници од сите општествени класи, што докажува дека полихромните грнчарски предмети не биле достапни само за елитата. Обичните граѓани можеле да ги добијат овие предмети при гозбите и аџилаците кон Кахуачи. Освен тоа, во близината на Кахуачи пронајдена е глина која по својот хемиски состав е еднаква со полихромните грнчарски предмети кои можат да се пронајдат низ целата северна област на Наска. Сепак, не постојат доволни докази дека во самиот Кахуачи се произведувале грнчарски предмети. Голема е веројатноста дека Кахуачи служел како центар за распределување на керамичките производиВон и Неф, 2000..
Хронолошки, развојот на грнчарството на Наска е поделен во девет фази. Сликовните прикази кои можат да се забележат на грнчарските предмети од првата фаза (наречена и пранасканска) прикажуваат реалистични предмети како овошје, луѓе и животни. Реализмот ја зголемува важноста во втората, третата и четвртата фаза, кои се однесуваат на монументалните фази. Во грнчарските предмети од овие фази се вклучени интерпретации на нивниот главен предмет на интерес на црвена, црна или бела позадина. Во петтата фаза, се појавиле значителни експерименти, како додавање на зраци, валути и други „пролиферациски“ додатоци кон натприродните мотиви кои биле прикажани на садовите. Оваа фаза е наречена и „транзициска“, бидејќи го означува преминот во стилот од втората до четвртата фаза и пролиферациските елементи кои се додаваат во мотивите од шестата и седмата фаза. Во шестата и седмата фаза, се вклучени дел од постарите мотиви, но се истакнати и дел од воените мотиви, на кои се прикажува поместување во социјалната организација. Во мотивите од овие фази како дел од дизајнот се вклучени апстрактни елементи. Голем број од цртите се вклучени во многу од дизајните, особено оние на кои се прикажани митски суштества, со што се дава визуелен приказ на речиси бескрајно размножени елементи, односно приказ од кој се добило името „пролиферациски“Роарк, 1965:2.. Грнчарските предмети изработени во овие две фази биле под влијанието на Моче културата, која постоела на северното крајбрежје на Перу. Во осмата фаза од развојот на грнчарството, се забележува воведување на целосно разделени фигури, геометриски иконографии кои тешко можат да се дешифрираат. Денес се верува дека осмата и деветтата фаза потекнуваат од средишните предели, со што се прикажува поместување од брегот на повисоките места со проширувањето на Вари културата, околу 650 година од нашата ераСилверман и Проулкс, 2002..
Општеството во Наска, како и сите други преткокумбовски општества во Јужна Америка, вклучувајќи ги и Инките, немале свое писмо, за разлика од нивните современици, Маите од Средна Америка. Од тие причини иконографијата или симболите кои биле насликани на нивните керамички производи служеле како начин на комуникација. Според мотивите, грнчарските производи на Наска се делат во две главни категории: световни и несветовни. Наските верувале во моќните духови на природата за кои се верувало дека контролираат многу делови од животот. Населението на Наска, овие духови на природата ги прикажувало на своите грнчарски производи во форма на митски суштества, кои се комбинација од човек и одлики на животно, најчесто птица или риба. Меѓу митските суштества се и антропоморфското митско суштество, ужасната приза, митскиот кит убиец, точкестата мачка итн.Проулкс, 2006. Во други аспекти од културата на Наските се прикажуваат мотиви од војувањето, обезглавувањето и обредната употреба на човечки трофејни глави од страна на шаманите.
Текстил thumb|right|250px|Насканска наметка од некрополата од I век. Прикажана е шема на „двојна риба“, веројатно ајкула. Колекција од Бруклиnскиот музеј.