thumb|right|300px|Сестра Ирена со децата во Болницата за најденчиња во Њујорк. Сестра Ирена е помеѓу првите иницијатори на модерното посвојување, воспоставувајќи систем за сместување на децата (во станови), отколку за нивно институционализирање.
Посвојувањето е чин на легално сместување на дете со родител или родители, кои не се негови биолошки родители. Налогот за посвојување има за цел да ги прекине родителските одговорности и права на оригиналните родители и да ги префрли тие одговорности и права на родителите кои посвојуваат.
Историја на посвојувањето Антика Посвојување за оние од богати семејства
thumb|right|upright|Трајан станал император на Рим преку посвојување, обичајна практика во империјата за обезбедување мирно предавање на власта. Посвојувањето се смета за типична американска институција, која влева верба во општественото уредување и подвижноста.Barbara Melosh, Strangers and Kin: Американски начин на посвојувањестрана 10 И покрај фактот дека модерната форма се појавила во Соединетите Американски Држави, практиката на посвојувањето има голема историја низ цивилизацијата. Хамурабиевиот законик, на пример, содржи детали за правата на посвојувачите и одговорностите на посвоените поединци, а практиката на посвојување во Стар Рим е добро образложена во Јустинијановиот кодекс.Code of Hammurabi Codex Justinianus Забележливо, различно од модерниот период, во посвојувањето во антиката акцентот е ставен на интересот на посвојувачот,"Brodzinsky and Schecter, Психологија на посвојувањето, 1990, страна 274 обезбедувајќи законско орудие за зацврстување на политичките врски помеѓу богатите семејства и создавање на машки наследници за управување со имотите.H. David Kirk, Adoptive Kinship: Модерна институција за потребите на реформата, 1985, страна xivMary Kathleen Benet, Политика на посвојувањето, 1976, страна 14 Практикувањето на посвојувањето од аристократијата е документирано; многу од римските цареви биле посвоени синови. Посвојувањето на мали деца за време на антиката е многу ретко."Психологија на посвојувањето" John Boswell, The Kindness of Strangers, 1998, страна 74. Напуштените деца честопати биле собирани за робови и сочинувале значителен процент од залихата на робови на империјата.John Boswell, The Kindness of Strangers, 1998, страна 62-63.W. Scheidel, The Roman Slave Supply, мај 2007, страна 10John Boswell, The Kindness of Strangers, 1998, страна 3 Римските правни записи укажуваат дека најденчињата понекогаш биле прибирани од некои семејства и одгледувани како син или ќерка. Иако обично не биле посвоени во рамките на римскиот закон, децата кои биле наречени алумни биле одгледувани во услови слични на старателство, со тоа што биле сметани за сопственост на таткото кој ги напуштил.John Boswell, The Kindness of Strangers, 1998, страна 53-95 Другите антички цивилизации, особено Кина и Индија, исто така применувале некаква форма на посвојување. Доказите покажуваат дека нивните обиди биле со цел да се обезбеди континуитет на културните и религиозните практики, спротивно од западната идеја за продолжување на семејните лози. Во античка Индија, „секундарнот син“ што јасно е опишан во РигведаA. Tiwari, закон за посвојување на Индијците, Vol 18, 2005 , продолжил да постои во ограничена и високо ритуална форма, за на посвојувачот да може да му се извршат одредени погребни обреди од страна на синот.Vinita Bhargava, Посвојувањето во Индија: Политиката и искуството, 2005, страна 45 Во Кина имало сличен концепт на посвојување, со посвојување момчиња само за да ги извршуваат должностите на почитување на предците.W. Menski, Компаративен закон во глобален контекст: Правниот систем на Азија и Африка, 2000
Среден век Посвојувањето и обичните луѓе
left|thumb| Пред монастирската порта. Аристократијата на Германските, Келтските и Словенските култури кои доминирале во Европа по распадот на Римското Царство се откажала од практиката на посвојување.S. Finley-Croswhite, Review of Blood Ties and Fictive Ties, Canadian Jorunal of History, август 1997 Во средновековното општество крвното сродство било најважно; владејачка династија што немала роден наследник на престолот била заменувана, што е остра спротивност на Римските традиции. Еволуцијата на европските закони ја одразува оваа аверзија спрема посвојувањето. Англискиот Обичаен Закон, на пример, не дозволувал посвојување затоа што било во спротивност со традиционалните правила за наследство. На истиот начин, и Кодот на Наполеон во Франција го отежнувал посвојувањето, со тоа што според него посвојувачите требало да бидат постари од 50 години, стерилни, постари од личноста што ќе ја посвојат најмалку 15 години и претходно да се грижеле за посвоениот барем шест години.Brodzinsky and Schecter, Психологија на посвојувањето, 1990, страна 274 Културното преуредување на Европа обележало период на иновација кај посвојувањето. Без поддршка од аристократијата, фокусот постепено се поместувал кон напуштените деца. Нивоата на напуштање се зголемувале со падот на империјата, многу од најденчињата биле оставани на прагот на Црквата.John Boswell, The Kindness of Strangers, 1998, страна 184 Во почетокот, свештенството реагирало со изготвување правила за регулирање на изложувањето, продажбата и одгледувањето на напуштените деца. Сепак, иновацијата на Црквата била метод на жртвување, бидејќи децата биле заветувани на манастирски живот и одгледувани во рамките на манастирот. Со ова се создал првиот систем во историјата на Европа во кој напуштените деца биле без законски, социјален или морален хендикеп. Како резултат на ова, многу од сирачињата или напуштените деца во Европа станале поранешни ученици на Црквата, која ја презела улогата на посвојувач. Жртвувањето го обележува почеткот на поместувањето на фокусот кон институтионализацијата, постепено водејќи кон основањето на првите болници за најденчиња и сиропиталишта.
Модерен период Посвојување заради создавање семејство
Следната етапа во еволуцијата на посвојувањето се издвојува со создавањето на Соединетите Американски Држави. Брзата имиграција и последиците од Американската Граѓанска Војна резултирале со невидено претрупување на сиропиталиштата и домовите за најденчиња во средината на XIX век. Чарлс Лоринг Брејс, протестантски свештеник, бил вџашен од легијата бездомни сирачиња кои талкале низ улиците на Њујорк. Брејс сметал дека напуштените деца, особено католиците, се најопасниот елемент што би можел да го наруши редот во градот.Ellen Herman, Проект за историјата на посвојувањето, Универзитетот во Орегон, Наслов: Чарлс Лоринг Брејс, The Dangerous Classes of New York and Twenty Years' Work Among Them, 1872
thumb|right|upright|Чарлс Лоринг Брејс.
Неговото решение е објаснето во “Најдобриот начин да се ослободиме од нашите парталави и бездомни деца” 1859) со што започнало движењето Воз за сирачиња. Возовите за сирачиња со текот на времето пренеле околу 200000 деца од градските подрачја на истокот до руралните региони.Ellen Herman, Проект за историјата на посвојувањето, Универзитетот во Орегон, Наслов: Чарлс Лоринг Брејс Децата обично биле земани како работници, а не посвојувани од семејствата што ги прифаќале.Stephen O’Connor, Orphan Trains, страна 95 Како што поминувало времето, некои деца биле воспитувани како дел од семејството, додека други биле сметани заработници на фарма или домашни слуги.Orphan Train Heritage Society of America, Riders’ Stories |thumb|left|upright|Вилијам и неговиот брат Томас биле качени во Возот за сираци во 1880 на возраст од 11 и 9 години соодветно. Вилијам бил одведен во добар дом. Томас бил експлоатиран и злоупотребуван. Браќата подоцна успеале да се вратат во Њујорк и пак да се сретнат.
Целосната големина на раселувањето - најголемата миграција на деца во историјата - и степенот на експлоатација поттикнало создавање на нови агенции и серија закони што се залагале за промоција на посвојувањето, наместо вработувањето на децата. Главен печат на овој период е Законот за посвојување на Минесота од 1917 со кој се наложува истрага за сите сместувања и ограничен пристап до податоците за оние вклучени во посвојувањето.Wayne Carp, E. Посвојувањето во Америка: Историски перспективи, страна 160Ellen Herman,Проект за историјата на посвојувањето, Универзитетот во Орегон, Наслов: Домашни студии
За време на истиот период Прогресивното движење ги поттикна САД да размислуваат за промена на постоечкиот систем за сирачиња. Кулминацијата на таквите напори беше Првата конференција на Белата Куќа на темата Грижа за незгрижените деца, свикана од претседателот Теодор Рузвелт во 1909,M. Gottlieb, The Foundling, 2001, страна 76 каде што било објавено дека потесното семејство е “најголемиот и најпрефинетиот производ на цивилизацијата” и дека е најдобро решение за грижата на напуштените деца и сирачињата.E. Wayne Carp (Editor), Посвојувањето во Америка: Историски перспективи, страна 108Ellen Herman,Проект за историјата на посвојувањето , Универзитетот во Орегон, Topic: Placing Out Анти-институционални сили веднаш се собрале. До 1923 година, само два проценти од децата без родителска грижа биле сместени во домови без разлика дали се работи за аранжмани за посвојување или сиропиталишта. Помалку од четириесет години подоцна, речиси една третина од децата биле сместени со семејства што ги посвоиле.Bernadine Barr, “Spare Children, 1900-1945: Inmates of Orphanages as Subjects of Research in Medicine and in the Social Sciences in America” (Ph.D. diss., Stanford University, 1992), страна 32,
Без разлика на тоа, популарноста на еугениските идеи во Америка поставила пречки на растот на посвојувањето.Ellen Herman, Проект за историјата на посвојувањето, Универзитетот во Орегон, Topic: EugenicsLawrence and Pat Starkey, Child Welfare and Social Action in the Nineteenth and Twentieth Centuries,2001 страна 223 Постоеле сериозни грижи за генетскиот квалитет на незаконските и безимотни деца, што можеби најдобро се опишува со влијателните пишувања на Хенри Х.Годард кој протестирал против посвојувањето деца со непознато потекло велејќи:H.H. Goddard, Excerpt from Wanted: Дете за посвојување
''Сега се смета дека некои луѓе се заинтересирани за доброто и високиот развој на човештвото; но ако ги оставиме настрана тие исклучоци, сите татковци и мајки се заинтересирани за доброто на своите семејства. Најдраго за срцето на родителот е да го види своето дете да се омажи во добро семејство и да создаде благородно семејство. Колку кусогледо е тогаш такво семејство да земе во својата средина дете чие потекло е апсолутно непознато; или, доколку е делумно познато, веројатноста е голема дека ќе се покаже дека е од сиромашно и болно семејство и дека доколку дојде до брак помеѓу таа личност и некој член на семејството подмладокот ќе биде дегенерик. Хенри Годард, Се бара: Дете за посвојување
За да се променат ставовите беше потребна војна и осрамотување на нацистичките еугениски полиси. Периодот помеѓу 1945 и 1974, познат како Ера на собирање бебиња донел вртоглав раст и прифаќање на посвојувањето како начин за создавање семејство.E. Wayne Carp, Посвојувањето во Америка: Историски перспективи,страна 181 Незагонските раѓања се зголемиле трипати по завршувањето на Втората светска војна поради промената на сексуалните обичаи. Истовремено научната заедница почнала да ја нагласува доминацијата на воспитувањето наместо генетиката, отстранувајќи ги еугениските стигми.William D. Mosher and Christine A. Bachrach, Understanding U.S. Fertility:Континуитет и промени во националната анкета за пораст на семејствата, 1988-1995,Family Planning Perspectives Volume 28, Број 1, Јануари/февруари 1996, страна 5Barbara Melosh, Strangers and Kin: Американски начин на посвојување, страна 106 Во оваа средина, посвојувањето станало очигледно решение и за немажените мајки и за неплодните парови.Barbara Melosh, Strangers and Kin: Американски начин на посвојување, страна 105-107