Петар Поповски (, ) – македонски универзитетски професор на Универзитетот во Олборг и визитинг професор на Бременскиот универзитет.

Животопис Петар Поповски е роден во Охрид во 1973 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје дипломирал во 1997, a магистрирал во 2000 година. Докторирал во 2004 година на Универзитетот во Олборг на безжични комуникации. На факултетот се вработил во 2008 година како помлад асистент. Од 2001 до 2004 година бил на докторски студии на универзитетот во Олборг каде што од 2004 до 2006 година, тој работел како последокторски истражувач. Во 2006 година, тој станал доцент на универзитетот во Олборг.

Освен професор во Олборг, тој е и посетувачки професор на Универзитетот во Бремен, Германија, главен уредник е на IEEE Journal of Selected Areas in Communications, претседател е на IEEE Communication Theory Technical Committee, комитет за базични истражувања во телекомуникациите, член е на Данскиот истражувачки совет за технологија и производство, претседател на Шведската истражувачка фондација за 6Г безжични системи. Дел е од бордот на директори на „Гејтхаус“, претпријатие за сателиски комуникации, основач на здружение на 20-ина сателитски претпријатија од Олборг кои соработуваат со неговиот универзитет.

Автор/соавтор е на повеќе од 300 научни трудови, објавени во реномирани списанија, конференции и книги. Има преку 30 патенти и патентни апликации. Неговите истражувачки интереси се во областа на безжичните комуникации и мрежната и комуникациската/информациската теоријата.

Награди и почести 2026 - член на Кралската данска академија на науките 2020 - Данска телекомуникациска награда

Наводи

Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Професори на Универзитетот во Олборг Категорија:Апсолвенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје Категорија:Магистри на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје Категорија:Доктори на Универзитетот во Олборг Категорија:Членови на Кралската данска академија на науките