Општина Башибос, именувана и како Месен народен одбор Башибос ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1915, меѓувоениот период и 1945-1955 година.
Историја 1913-1915 Општина Башибос за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Дорломбос, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос. Општината била дел од Дојранскиот Срез, Тиквешки Округ.
1915-1918 Општина Башибос продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Дојранската Околија, Струмички Округ.
Кралство СХС/Југославија За време на новата држава Кралство СХС, Општина Башибос постоела се до нејзиното укинување на сметка на соседната и проширена Општина Дојран.
1945-1955 Месниот народен одбор Башибос бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негови составни населени места биле Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали и Органџали. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Башибос бил припаднал на Гевгелиската Околија и територијално останал со истите шест населени места. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Башибос немал територијални промени. Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Башибос била проширена на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Севендекли со неговите села Дурутли, Севендекли и Џумабос. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Башибос била укината и нејзината општинска територија припаднала на проширената Општина Валандово која ги добила селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, и проширената Општина Дојран која ги добила Дурутли, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос.
Население Според пописот од 1913 година, Општина Башибос имала 2,401 жители, односно вкупното население на Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Дорломбос, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Севендекли, Органџали и Џумабос.
Според пописот од 1921 година, Општина Башибос имала 1,944 жители. Според верската припадност, 58 биле православни, додека 1,886 биле муслимани. Според јазичната припадност, 59 биле Срби/Хрвати, додека 1,885 биле Турци.
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Башибос имал 1,175 жители, односно вкупното население на Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали и Органџали. Од таа бројка, 1174 биле Турци, додека 1 бил Македонец.
Според пописот од 1953 година, Општина Башибос имала 1,993 жители, односно вкупното население на Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос.
Следува табела според народностите во пописот од 1953 година: Народност Вкупно Македонци 5Турци 1,984Останати несловени 4
Поврзано Список на населени места во Вардарска Македонија по општина (1913-1915) Список на општини во Македонија по население (1948) Список на општини во Македонија по население (1953)
Забелешки
Наводи
Башибос Башибос Башибос Башибос Категорија:Валандовска Околија Категорија:Гевгелиска Околија