Битката кај Војничка Пештера позната и како Борбата кај Фојничка пештераБорбата кај Фојничка пештера (2009) од Македонска Енциклопедија уредувана од Блаже Ристовски — воена судир меѓу втората чета на партизански одред „Димитар Влахов“ и 56от велешки пешадиски полк на Бугарската армија, со помош од велешка контрачета. Битката се одвивала во пештера покрај периферијата на Војница. Битката е поврзана со воена операција организирана од тогашната фашистичка власт, предводена од Константин Добрев. Главна цел било целосното уништување на ПО „Димитар Влахов“. После битката втората чета на велешкиот партизански одред била уништена, и дел од борците се повлекле кај Тиквешија.

Во 13 декември 1942 година партизаните се сместиле кај пештерата. Биле предадени од Тоде Мирчевски ловџија по потекло од Крајници. Во текот на борбата се појавила магла и партизаните биле заробени. Главниот командир и политички комесар успеале да избегат додека останатите борци биле ликвидирани. После војната жртвите биле префрлени во Велешката спомен-костурница.

Позадина мини|346x346пкс|Слика од споменик плоча за македонскиот партизан Трајче Панов, жртва во Битката кај Војничката пештера, поставена после втората светска војна од страна на месната заедница „Трајче Панов“ од Велес. Заради неговата храброста неколку места во Велес го носи неговото име Во втората половина на септември 1942 година Главниот штаб на народната ослободителна војска и партизанските одреди во Македонија ги известил Трајко Бошкоски - Тарцан, Киро Крстески - Платник и Борка Велески Горанов дека условите за формирање на велешки партизански одред во велешкиот реон биле поволни и им ја дадел наредбата да најделе поволно и безбедно место за формирањето на одредот. После неколку дена известените македонски фигури одлучиле дека од сите можни места за формирањето на одредот најповолен било месноста Гарван, блиску до прилепското село Дабница. Иако партизанскиот одред бил составен од велешани заради тогашните услови тие одлучиле да го формираат во прилепскиот реон заради безбедни причини.

народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ бил составен претежно од поранешни македонски партизани од Велешки народноослободителниот партизански одред „Пере Тошев“ и неколку партизани од Прилеп и Прилепско. Партизанскиот одред бил составен од четири чети, три биле составени претежно од велешани додека еден од нив било прилепско. Според истражувањето на велешкиот хроничар Љупчо Данов, 77% од македонските партизани во народно ослободителниот одред „Димитар Влахов“ биле велешани, додека 10% биле прилепчани. Освен партизани од Прилеп и Велес имало и партизани од Куманово, околу 5% од партизаните биле од Куманово. 4% биле од градот Скопје, околу 2% од партизанскиот одред бил составен од македонски партизани од Кавадарци и нејзиниата околина. Додека остатокот 2% било составено од партизани од Битола и Неготино.

Откако била формирана да почнала да извришила напади врз бугарско-германска комуницикација и саботажирајќи им ја нивната ПТТ врски. Тие напаѓале бугарски фашистички архиви и им ги уништувале за да немале списоци на Македонци за убивање. Понекогаш би изолирале бугарски фашистички полициски станици или ситни гарнизони во велешкиот реон и дел од прилепскиот реон и би ги нападнале и ги пљачкале. Некој од местата којшто ги нападнале бугарските фашистички гарнизони се селата Бистрица, Богомила, Поменово, Чашка, Десово, Нежилово, Црешево, Селце, Лисиче, Катланово, Горно Количани и Степанци. Овие напади се одвивале помеѓу септември-ноември 1942 година. Во 29 ноември ја поразиле велешката контрачета во селото 'Рлевци, битката било борбено крштевање на контрачетата. Во декември 1944 година како дел од воената операција на бугарската фашистичка армија тие почнале повеќе да ги напаѓаат, во 4-ти декември 1942 година биле поразени во Папрадиште и била убиена македонската партизанка Невена Георгиева - Дуња во битката.НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД ДИМИТАР ВЛАХОВ (2008) од Македонска Енциклопедија, уредувана од Блаже Ристовски

Организирање мини|416x416пкс|Слика од споменик за Трајче Петкановски во Богомила, еден од членовите на третта чета на партизанскиот одред „Димитар Влахов“. мини|261x261пкс|Споменик за Стоилко Ивановски – Планински, еден од членовите во трета чета на партизанскиот одред „Димитар Влахов“ За главниот командант на народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ бил одбран Борка Велески Горанов - Левата, за политички комесар биле одбрани Пецо Крстески - Даскалот и Стеван Базеркоски - Лански. Покрај нив најистакнатите членови биле Блаже Бошкоски - Дабичот, Блаже Спиркоски, Киро Базерко - Коробов, Киро Бајрамоски - Црне и многумина други. Партизанскиот одред содржил четири одред, првиот бил составен од 24 македонски партизани и тие се следни: Тоде Бисинов од Велес, Боро Божиновски - Прцан од Куманово, Стојан Бурчевски, Раде Бурчевски од село Рудник, Коле Воденичаров - Шубиќ од Куманово, Мирко Грков, Благој Давков од Скопје, Љубомир Здравковски од Куманово, Благој Јосмов, Јордан Јордановски, Богдан Каракостев, Трајко Капчев, Марија Камишова - Нонча од Велес, Ѓоре Крстев, Благој Кирков од Велес, Јовче Митев, Јордан Мартиновски, Димко Митревски, Боро Петрушевски - Папучар од Куманово, Панче Пешев од Велес, Борис Таневски Лубуриќ, Ќамуран Тахир од Скопје, Коле Цветковски - Балас и Киро Ќучуков - Себура од Велес.

Втората чета на народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ е најголем, со 31 борци во нејзиниот состав, тие се: Јован Андреев од Војница, Перко Андреев од Степанци, Нада Бутникошарова од Велес, Ѓорѓи Бобевски, Богдан Видовски од Војница, Славе Давчев од Ново Село и роднина на жртвата во Битката кај Раштански Колиби Никола Давчев, Борис Дурчев од Војница, Дончо Димов исто така од Војница, Павле Игновски - Секула, Благородна Лазова Ивева од Велес, Благој Јанушев од Прждево, Стојан Трајков, Димче Јовевски од Војница, Илом Климкаров, Анде Кошулчев од Велес, Јордан Лазаревски - Цвајот, Кочо Мешков од Ваташа, Миле Милевски од Велес, Киро Неделков, Благој Неделков од Војница, Трајче Панов од Двориште, Коле Петков - Даскалот од Ораовец, Славе Петков, Орце Ризов, народниот херој Благој Страчковски од Велес, Коле Стојанов, Јово Сеизов од Кавадарци, Тодор Трчков, Ѓорѓи Темелков, Благојка Џалева и Јордан Џурнов. Дел од втората чета составена од 15 партизани учествувале во Битката кај Војничката пештера, меѓу нив биле и народниот македонски херој Благој Стречковски.

Третата чета на народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ е втората најголема чета, била составена од 29 борци, тие биле: Ружа Бак од Скопје, Јован Басаров од велешкото село Рудник, Тошо Бондиќев, Боте Боцевски од Скопје, Василко Василков од селото Габровник, Владо Кошулчев којшто бил братот на Анде Кошулчев, Седат Вели од Долно Јаболчиште, Маца Овчарова од Сливник, Љубе Зафиров којшто бил градоначалник на градот Велес помеѓу 1951 и 1953 година после нејзиното ослободување. Зафиров исто така бил министер за комунална работа за време на промената на владата на Македонија од декември 1946 во 19 октомври 1949Службен весник на НРМ, 24/1949, 1 стр. и во 23 април 1950 тој е поставен за министер-претседател на Комитетот за локална индустрија и занаетчиство.Службен весник на НРМ, 11/1950, 2-3 стр. После Зафиров другите членови на четата биле Стоилко Ивановски - Планински од Ораов Дол, Тодор Јанев од селото Мартолци, Дико Јосифовски, Ико Капчев, Велимир Кожинкаров од селото Габровник, Трајко Купенков, Стефан Малинов, Мегди Мустафов од селото Сливник, Ристо Најдов - Мајка, Невена Георгиева - Дуња од Скопје, Душан Перов од селото Габровник, Трајче Петкановски којшто по негова чест народноослободителниот партизански одред „Трајче Петкановски“ го носи неговото име, Страхил Пинев, Благој Сребров, Апостол Ставровски од Богомила, Јордан Теов од селото Мартолци, Благој Целцев, Александар Христовски - Дума од Битола и Орце Шутев.

Четвртата чета на народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ е најниската чета од другите три и служела повеќе како вишок отколку борбена дејства, во нејзиниот состав било само 7 македонски партизани, сите биле од Прилеп, нивнита имиња биле следно: Илија Андреевски - Кагин, Киро Базарко, Пецо Крстевски - Даскалот, Александар Крстевски - Јулски, Симо Секуловски - Јоска, Драган Спировски - Максо. Според една анализа организирана во 24 септември 1967 година од 95 именувани учесници во сите четири чети на партизанскиот одред „Димитар Влахов“ 44 борци загинале за време на народната ослободителна борба додека 4 борци починале заради здраствени причини или заради старост, додека 47 биле живи. Според дадената аналитика првата чета имала најмногу жртви, 16 загинале борејќи од оригиналниот 24 борци. Додека третата чета имала најголем број на живи партизани во 1967 година со 19 борци живи од вкупниот број на 29.

Битката Заради борбените дејства на народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ во народната ослободителна борба во Македонија бугарската фашистичка власт одлучила во декември 1942 година да водила повеќе агресивна воена операција кон одредот со едиствена цел на уништувајќи го ослободителното движење во Велес и Велешко, тие исто така ја искористиле фашистичката колаборативна квислингска велешка контрачета за време на нивната воена операција во декември. За време на првите дена во месецот декември бугарските фашистички окупатори успешно ја ликвидирале младата и храбарата партизанка Невена Георгиева - Дуња во Нежилово. Во првите дена на месецот втората чета на народниот партизански одред „Димитар Влахов“ се наоѓало во месноста Пешти блиску до реката Бабуна, јужно од Велес.

Заради небезбедноста во Пешти тие одлучиле да пронајдат поскришно место за нивната нова база, втората чета на ослободителниот партизански одред се поделил во два дела, едниот дел продолжил да патувал кон Сува Гора додека другиот дел од четата се сместиле во пештера блиску до велешкото село Војница, тогаш било познато како Фојница, во 13 декември 1942 година. При нивното време во пештерата биле забележани од селската ловџија Тоде Мирчевски со потекло од селото Крајници, заради суровите мерки којшто ги поставиле бугарските фашистички окупатори во воената операција за ликвидирањето на ослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ Мирчевски сметал дека едиствено нешто што можел да направил е дека ги пријавил кај бугарската фашистичка полициска сила. Во ноќта на 13 декември партизаните откриле дека биле пријавени и одлучиле да избегале од пештерата и повторно да се вратиле кон месноста Пешти. мини|351x351пкс|Слика од истакнати претставници во главиот штаб на македонскиот партизански одред „Димитар Влахов“ Но втората чета на народното ослободителен одред имале проблем, тие не можеле да продолжат да престојуваат во месноста Пешти заради нејзината близина до бугарски фашистички гарнизон и заради тоа што бугарската фашистичка војска им ја знаеле нејзината местоположба, заради тоа тие одлучиле да останале во Пешти само за два дена. Во 15 декември 1942 година добиле надеж за успех заради тоа што во околијата се појавила силна магла којшто партизаните верувале дека со маглата би можеле успешно да се вратиле кон Војничката пештера но нивните проценки биле грешни. Во ноќта околу 15 декември тие со долг марш успешно повторно се вратиле во пештерата. Во утрото на 16 декември 1942 година единствениот стражар на четата Димче Јовевски – Здравко почувствувал движење на силуети, тој брзо сфатил дека имало сила на војници од бугарската фашистичка армија и од квислингската велешка контрачета во маглата, по неговото откривање тој ги известил останите партизани и почнала битката.