Николас Родни Дрејк (англиски: Nicholas Rodney Drake; 19 јуни 1948 - 25 ноември 1974) ― англиски гитарист, пејач и текстописец.

Роден е на 19 јуни 1948 година во Јангон, Бурма, во англиско семејство на инженери кои во 1951 година се вратиле во Англија. Со музика се занимавал уште од најрана возраст. Како успешен акустичен гитарист, додека сè уште бил студент на Универзитетот во Кембриџ, Дрејк во 1969 година потпишал договор со Island Records. Неговиот прв албум, Five Leaves Left, бил издаден во 1969 година, а потоа следеле уште два албума: Bryter Layter (1971) и Pink Moon (1972).

Дрејк страдал од депресија и не сакал да настапува во живо пред публика. По комплетирањето на албумот Pink Moon, тој се повлекол од музиката и живеел во домот на неговите родители во руралните предели на Ворикшир. На 25 ноември 1974 година, Дрејк бил пронајден мртов на 26-годишна возраст поради предозирање со антидепресиви. За време на неговиот краток животен век, Дрејк не успеал да допре до поширока публика, но неговата музика била ценета од музичките критичари, а по неговата смрт постепено добил и пошироко признание од публиката.

Во 1979 година бил објавен неговиот ретроспективен албум Fruit Tree. Дрејк имал влијание врз многу музичари, вклучувајќи ги: Роберт Смит од Cure, Питер Бак од R.E.M., Кејт Буш, Пол Велер, Ејми Ман, Бек, Робин Хичкок и The Black Crowes. Првата биографија на Дрејк била издадена во 1997 година; во 1998 година следел документарниот филм за неговиот живот, Туѓинец меѓу нас.

Дискографија

Five Leaves Left (1969) Bryter Layter (1971) Pink Moon (1972)

Наводи

Категорија:Починати во 1974 година Категорија:Родени во 1948 година Категорија:Говорни статии Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Англиски кантавтори Категорија:Англиски гитаристи Категорија:Англиски фолк-пејачи Категорија:Самоубијци Категорија:Акустични гитаристи Категорија:Самоубиства во Англија