Даниел Муњос Мехија (роден на 26 мај 1996 во Амалфи) — колумбиски фудбалер, играч од одбраната на Кристал Палас и на колумбиската репрезентација.
Клупска кариера Муњос ја започнал кариерата во својата татковина во екипата на Агилас Дорадас Рионегро, за која настапувал од 2017 до 2019 година, а потоа се преселил во Атлетико Насионал.
Во мај 2020 година, Муњос потпишал за белгискиот клуб Генк, во трансфер вреден 4.5 милиони евра. Веќе во првата сезона, го освоил својот прв трофеј со клубот, триумфирајќи во Купот на Белгија. Во Генк, тој поминал три ипол години, за кои забележал вкупно 148 настапи и 14 гола.
Во јануари 2024 година, Муњос потпишал три ипол годишен договор со Кристал Палас, кој за неговите услуги му платил на Генк износ од околу 8 милиони евра.
Репрезентативна кариера Дебитирал за колумбиската репрезентација на 3 јуни 2021, во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022 против Перу. Сепак, неговото деби завршило катастрофално за него откако за помалку од минута по влегувањето во игра на местото на Стефан Медина, бил исклучен откако неговиот старт со VAR бил преиначен во директен црвен картон.
Титули Генк Куп на Белгија : 1 2020-2021
Кристал Палас ФА Куп : 1 2024-2025
Наводи
Надворешни врски
Даниел Муњос на soccerway Даниел Муњос на transfermakt Даниел Муњос на espn Даниел Муњос на whoscored
Категорија:Колумбиски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Насионал Категорија:Фудбалери на ФК Генк Категорија:Фудбалери на ФК Кристал Палас Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026