Основно училиште „Никола Карев“ (официјално: Подрачно основно училиште „Никола Карев“ - Грдовци; скратено: ПОУ „Никола Карев“) — подрачно основно училиште во селото Грдовци, составен дел на истоименото училиште од градот Кочани, Општина Кочани.

Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Никола Карев.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото, непосредно до селската црква „Св. Троица“.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Галерија

Поврзано ОУ „Никола Карев“ - Кочани ПУ „Никола Карев“ - Тркање

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Кочани Грдовци Категорија:Грдовци