Патната турнеја за климатски решенија, е одржана помеѓу 2 јануари и 4 февруари 2009 година и била проект инициран од Индиската младинска климатска мрежа која започнала во Чена, Индија. Алексис Рингвалд и Керолин Хау (и двете од Универзитетот Јеил ) ја предводеле турнејата. Десет членови на индиската младинска климатска мрежа, група танчери од танцовата група Шијамак Давар и бендот на сончева енергија „Солар Панч“ поминале повеќе од 3.500 километри.
Целта на турнејата била дефинирана како:„Помош на младите преку овој проект со превземање на нивните идеи и нивното спроведување за решенија за климатските промени. Сега е време за акција; да се создаваат, комуницираат и прославуваат нови идеи“.Патната тура која започнала во Чена на 2 јануари 2009 година, опфатила 15 големи градови вклучувајќи ги Бангалур, Хајдерабад, Пуна, Мумбај, Ахмедабад, Џајпур, Делхи, Удаипур, Дунгарпур, Тилонија и Гоа. Турнејата успешно завршила на 5 февруари во Делхи.
Наводи
Надворешни врски
Climate Solutions Road Tour Блог за патна турнеја за климатски решенија Climate Solutions Road Trip - Индија Climate Solutions Road Tour 2009 година
Категорија:Климатски промени Категорија:Организации за климатски промени Категорија:Климатски промени во Индија