мини|200п|Вуле Журиќ во Пирот

Вуле Журиќ (српски: Вуле Журић, Сараево, 1969) — српски писател.

Животопис Вуле Журиќ е роден во Сараево, во 1969 година. Во родниот град завршил основно и средно училиште, а потоа студирал Историја на југословенските книжевности на Филозофскиот факултет. За време на војната во Босна и Херцеговина се преселил во Белград. Во периодот 1999-2000 година, како стипендист на Меѓународниот парламент на писателите престојувал во Понтедери, Италија.

Журиќ живее во Панчево.Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015, стр. 218.

Творештво Журиќ е автор на следниве дела:Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015, стр. 217. Умри машки (раскази, 1991) Две години студ (раскази, 1995) В кревет со Мадона (раскази, 1998) Валцери и полови односи (раскази, 2001) Благите денови потоа поминуваат (роман, 2001) Ринфуз (роман, 2003) Тигреро (роман, 2005) Црните мисирки и втората книга на црните мисирки (роман, 2006) Мртви брави (роман, 2008) Смртта на народњакот (роман, 2009) Недела на староците (роман, 2010) Катеначо (раскази, 2011) Српска трилогија (роман, 2012) Тајната на црвениот замок (раскази, 2014)Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015.

Покрај нив, Журиќ е автор на шест радио-драми за животот и умирањето на Бора Станковиќ, Милан Ракиќ, Милутин Ускоковиќ, Емануил Јанковиќ, Брана Цветковиќ, Светозар Ќоровиќ и Бранко Ќопиќ, а за потребите на радиото ги приспособил книгите „Преселби“ и „Втората книга на преселбите“ на Милош Црњански. Тој е приредувач на збирката раскази „Гавриловиот принцип“ во кои 14 писатели пишуваат за атентатот врз Франц Фердинанд. Заедно со Божа Копривица ја напишал книгата за вечното дерби во српскиот спорт. Неговите раскази се преведени на повеќе јазици, како: германски, италијански, шпански, португалски, словенечки, полски, грчки, унгарски и англиски.„O piscu“, во: Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015, стр. 217-218. Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015, стр. 219.

Награди и признанија Журиќ е добитник на неколку признанија, како:„O piscu“, во: Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015, стр. 218. стипендијата „Борислав Пекиќ“ за роман во настанување наградата на Градската библиотека во Панчево за книга на годината (за „Тигреро“) наградата „Стеван Сремац“ за најдобар роман (за „Недела на стаорците“) Андриќевата награда (за „Тајната на црвениот замок“, 2015)

Наводи

Категорија:Српски писатели Категорија:Добитници на Андриќевата награда Категорија:Родени во 1969 година Категорија:Луѓе од Сараево