Apollo 440 (познати и како Apollo Four Forty или @440; транскрипција: Аполо фор-форти) ― британска електронска музичка група основана во Ливерпул во 1990 година. Групата издала пет студиски албуми, соработувала и продуцирала со други музичари и создала музика за филм, телевизија, реклами и мултимедија објавени под името Apollo 440 или под нивното алтер-его, Stealth Sonic Orchestra. Имале десет топ-40 синглови во Обединетото Кралство и се пласирале на топ-листите во други земји.
Неговото име потекнува од програмата Аполо и фреквенцијата на концертниот тон - нотата А на 440 Hz, често означена со „A440“. Во 1996 година го промениле пишувањето на нивното име од Apollo 440 во Apollo Four Forty, но на нивниот последен албум го користеле старото име. До денес, Apollo 440 објавиле ремикси од U2, P. Diddy / Џими Пејџ, Жан Мишел Жар и Енио Мориконе.
Преку 50 различни нумери од Аполо биле прикажани во филмови, трејлери, ТВ-серии, игри и реклами. Со нивни песни во позадина биле рекламирани автомобили, пива, безалкохолни пијалаци, телефони, аудио и софтверски програми. Тие, исто така, напишале два цели саундтрака за Sony PlayStation и тематските песни од ITV Sport за покривање на Светското првенство во 1998 и Формула 1 од 2000 до 2002 година, а во 2006 година ја напишале официјалната песна на Ливерпул за ФА Купот.
Членови
Сегашни членови
Хауард Греј - (1990-денес) Тревор Греј - (1990-денес) Ноко - (1990-денес)
Наводи
Надворешни врски
Стелтографија
Категорија:Музички групи основани во 1990 година Категорија:Музички групи од Ливерпул Категорија:Англиски алтернативни рок-групи Категорија:Британски ремиксери Категорија:Англиски техно музички групи Категорија:Англиски електронски рок-групи