iNaturalist — американска 501(c)(3) непрофитна социјална мрежа на природонаучници, граѓански научници и биолози изградена врз концептот на мапирање и споделување на набљудувања на биолошката разновидност низ целиот свет. На iNaturalist може да се пристапи преку неговата мрежна страници или преку мобилната апликација. iNaturalist вклучува автоматска алатка за препознавање на видовите, а корисниците дополнително си помагаат меѓусебно при препознавањето на организмите од фотографии. , корисниците на iNaturalist придонеле со приближно 197.660.888 набљудувања на растенија, животни, габи и други организми ширум светот, а 290.007 корисници биле активни во претходните 30 дена.

iNaturalist е опишана како „мрежна социјална платформа од луѓе кои споделуваат информации за биолошката разновидност за да си помогнат меѓусебно да дознаат за природата“, а со тоа основната цел е да ги поврзе луѓето со природата. Иако не станува збор за научен проект, iNaturalist е платформа за наука и зачувување на загрозените видови, обезбедувајќи веродостојни слободни податоци за истражувачките проекти, земјопоседниците, други организации и јавноста. Тоа е основна апликација за податоци за биолошката разновидност добиени од јавноста во држави како што се Мексико, јужна Африка и Австралија, и проектот е именуван како „стандарден носител за мобилни апликации чие изучување е природонауката“. Поголемиот дел од софтверот на iNaturalist е со отворен код. Научниците имаат објавено повеќе од 4.000 научни трудови извлечени од збирки на податоци и набљудувања користејќи го iNaturalist, вклучувајќи описи на видови кои се нови за науката и придонеле за повторно откривање на видови кои се толку ретко забележани и се стравувало дека се исчезнати.

Историја iNaturalist започнува со работа во 2008 година како дел од Берклиевата информатичката школа како магистерски труд на Нејт Агрин, Џесика Клајн иКеничи Уеда. Агрин и Уеда продолжиле да работат на мрежната страница заедно со Шон Мекгрегор, кој се занимавал со развојот на мрежни страници. Во 2011 година, Уеда започнува соработка со Скот Лори, истражувач при Стенфордски универзитет и предавач на Беркли. Уеда и Лори моментално се коуправители на iNaturalist.org. Организацијата се здружила со Калифорниската академија на науките од 24 април 2014 година. In 2017 година, iNaturalist постанува здружена иницијатива меѓу Калифорниската академија на науките и Здружението национална географија.

Од 2012 година, бројот на учесници и набљудувања приближно се удвојува секоја година. Во 2014 година, iNaturalist достигнува 1милион набљудувања и октомври 2023 година има преку 181 милион набљудувања (163 милиони се потврдливи).

На 11 јули 2023 година, iNaturalist се прегистрира како независна 501(c)(3) непрофитна организација.

Платформи

Корисниците со iNaturalist ја обавуваат комуникацијата на неколку начини:

преку мрежната страница iNaturalist.org, преку две мобилни апликации: iNaturalist (iOS/Android) и Search by iNaturalist (iOS/Android), или преку партнерските организации како што е мрежната страница на Глобалниот информативен објект за биолошка разновидност (GBIF).

мини|Почетна страница на Сеек, која ги прикажува локалните видови и предизвикот за ноември 2021 година. На мрежната страница iNaturalist.org, посетителите можат да ја пребаруваат јавната база на податоци и да комуницираат со други луѓе додавајќи ги набљудувањата и идентификациите. Мрежната страница обезбедува алатки за регистрираните корисници да додаваат, препознаваат и разговараат за набљудувања, и пишуваат објави во списанија, истражуваат информации за видовите и создаваат страници со проекти за да се поттикне учество и да се координира работата на темите од нивен интерес.

На мобилната апликација iNaturalist, регистрираните корисници можат да создаваат и споделуваат природни набљудувања во базата на податоци и на семрежјето, да истражуваат набљудувања во близина и низ целиот свет и да ги изучуваат различните видови.

Seek by iNaturalist, е посебна апликација која се нуди на семејства, и не побарува создавање на мрежна сметка и сите набљудувања се приватни. Seek вклучува карактеристики на игрофикација, како што е обезбедување на список на блиски организми за пронаоѓање и охрабрување на собирање значки и учество во предизвици. Seek првично е објавена во пролетта 2018 година

Набљудувања Платформата iNaturalist се заснова на групно снабдување на набљудувања и идентификации. Набљудувањата на iNaturalist ја споделуваат средбата на една личност со определен организам во одредено време и место. Набљудувањата на iNaturalist може да зачуваат и докази за одреден организам, како што се траги од животни, гнезда или измет. Опсегот на iNaturalist исклучува природни, но инертни теми како што се геолошки или хидролошки карактеристики. Корисниците обично прикачуваат фотографии како доказ за нивните наоди, иако аудио снимките се исто така прифатени како доказ, а таквиот доказ не е строго побарување. Корисниците може јавно да споделуваат места за набљудувања, да ги „заматуваат“ за да прикажат со помала прецизност или да ги направат целосно приватни.

На iNaturalist, други корисници може да додаваат препознавања на меѓусебните набљудувања со цел да го потврдат или подобрат препознавањето на набљудуваиот организам. Набљудувањата се класифицирани како „Случајни“, „Потребно е препознавање“ или „Оценка за истражувањето“ и сето ова се заснова на квалитетот на дадените податоци и процесот на идентификација на заедницата. Секој податок може да се преземе од iNaturalist и од „Оценката за истражување“ честопати се вклопени во други мрежни бази на податоци како што се Глобалниот информативен објект за биолошка разновидност и Атласот на живата Австралија.

Автоматско препознавање на видовите Покрај тоа што набљудувањата се препознаени од други во заедницата, iNaturalist вклучува автоматизирана алатка за препознавање на видовите, за прв пат е објавена во 2017 година. Сликите може да се препознаваат преку сметачки визуелен модел кој е обучен преку употреба на големите бази на податоци на набљудувања прикачени на iNaturalist. Предлозите за повеќе видови обично се даваат по самостајно влијание на софтверот кој претпоставува дека најверојатно се за на врвот на листата. Поширок таксон, како што е родот или семејството, обично се обезбедува ако постои сомнеж дека моделот не е соодветен за видот. Софтверот се обновува еднаш или двапати годишно, а прагот за видовите вклучени во збирката за обука се менува со текот на времето. Постои можност софтверот со потешкотии правилно да погоди ако видот за кој станува збор ретко се набљудува или тешко е да се препознае само од слики, или ако прикачената слика има слабо осветлување, е заматена или содржи повеќе содржини.

Проекти десно|мини|250x250пкс| Користење на апликацијата iNaturalist Корисниците создадоа и придонеле за повеќе од десетици илјади различни проекти на iNaturalist. Платформата вообичаено се користи за прикачување на набљудувања за време на кратки биоблици, кои се биолошки прегледни настани кои се обидуваат да ги забележат сите видови што се појавуваат во одредена област и определен тип на проект на iNaturalist. Други видови на проекти вклучуваат збирки на набљудувања по место или таксон или документирање на специфични типови на набљудувања како што се траги и знаци на животни, ширење на инвазивни видови, прегазувања на патиштата, риболов, улов или откривање на нови видови. Во 2011 година, iNaturalist беше искористен како платформа за надополнување на Светските биоблицови за водоземци и влечуги, а при тоа се користени набљудувања за да се помогне во следењето на појавата и распределбата на различните видови влекачи и водоземци по површината на планетата Земја. Службата за национални паркови на САД соработува со iNaturalist за прикачување на набљудувањата од биоблицовите во националните паркови од 2016 година. Тој проект надмина преку 100.000 набљудувања во август 2016 година Во 2017 година, Програмата за животна средина на Обединетите нации се здружи со iNaturalist за да го прослави Светскиот ден на животната средина. Во 2022 година, Reef Ecologic се здружиле со iNaturalist за да се прослави светскиот ден на океаните .

Градски предизвик за природата Во 2016 година, Лила Хигинс од Природонаучниот музеј на округот Лос Анџелес и Алисон Јанг од Калифорниска академија на науките го коосноваа „City Nature Challenge“ (CNC). Во првиот природен градски предизвик, природонаучниците во Лос Анџелес и заливотската област на Сан Франциско документираа над 20.000 прикачувања на платформата iNaturalist. Во 2017 година, CNC се прошири на 16 градови низ Соединетите држави и се постигнаа над 125.000 набљудувања на дивиот свет за 5 дена. CNC се прошири во светски рамки во 2018 година, со учество на 68 градови од 19 земји, при што некои градови користеле научни граѓански платформи, покрај iNaturalist. За 4 дена, над 17.000 луѓе каталогизираа над 440.000 набљудувања на природата во урбаните средини ширум светот. Во 2019 година, CNC повторно се прошири, пришто учество земале преку 35.000 учесници во 159 градови и притоа се собрале преку 964.000 набљудувања од над 31.000 видови организми. Иако помал број на набљудувања се документирани за време на градскиот предизвик за природата во 2020 година за време на пандемијата од COVID-19 (кога CNC станува платформа за соработка наспроти натпреварување), и учество земале повеќе градови и луѓе, а воедно се пронајдени повеќе видови отколку во претходните години.

Лиценцирање Корисниците имаат можност да ги лиценцираат своите набљудувања, фотографии и аудио снимки на неколку начини, вклучително и за јавниот домен, Creative Commons или со сите права се задржани . За да се поттикне споделувањето информации и да се намалат трошоците, iNaturalist ги охрабрува корисниците да ги лиценцираат медиуми со лиценци за Криејтив комонс. Стандардната лиценца е CC BY-NC, што значи дека секој може слободни да ги копира, даде на друг, измеша, преработи или да се надоврзе на прикачената содржина сè додека во наводите се спомнуваат изворите на информации, се означуваат промените, се обезбедува врска до лиценцата, и не се користи за комерцијални цели.

Набљудувањата и медиумите лиценцирани со лиценци за Криејтив комонс честопати се споделуваат и на други места, меѓу кои е и Глобалниот информативен објект за биолошка разновидност (со исклучок на лиценци за слични акции и без подизведување ), Атласот на живата Австралија, и Википедија (со исклучок на некомерцијални и лиценци без подисведувањедеривати ) преку редовено надополнување или кориснички записи како што се iNaturalist2Commons и Wiki Loves iNaturalist.

Мрежната страница iNaturalist и мобилните апликации се слободен софтвер, чиј слободен код е објавен под лиценцата MIT.

Истражување Почнувајќи од јануари 2024 година, објавени се повеќе од 4.000 истражувачки трудови кои ги наведуваат набљудувањата направени со употреба на iNaturalist прикачени наГлобалниот информативен објект за биолошка разновидност (GBIF), честопати темите се за екологијата, зачувувањето и климатските промени. Многу статии се фокусираат на киматските промените и поседиците од тие климатски промени. На пример, во 2015 година, податоците од iNaturalist беа искористени за да се покаже дека океанската роза (Ceratodoris rosacea) се движи кон север.