мини|десно|Уметничка претстава на Сириус A и Сириус B, двоен ѕвезден систем. Сириус A е ѕвезда од главната низа од типот A и поголемата од дете.

Ѕвезда од главната низа од типот A (A V) — ѕвезда од главната низа (т.е. која согорува водород) од спектрален тип A и сјајносна класа (пет). Овие ѕвезди имаат спектри кои се одликуваат со силни водородни впивни линии. Имаат од 1,4 до 2,1 Сончеви маси () и површинска температура помеѓу 7.600 и 10.000 K, што значи дека живеат од 4,3 до 1,6 милијарди години. Светли и блиски примери се Алтаир (A7), Сириус A (A1) и Вега (A0). Ѕвездите од типот A немаат струевит слој и затоа не се смета дека имаат магнетни динама. Како последица од ова, во отсуство на силни ѕвездени ветришта, тие немаат маса за да создаваат рендгенско зрачење.

Спектрални стандарди

+ Својства на типични ѕвезди од главната низа од типот ATables VII, VIIIСпектралентипМаса ()Полу-пречник ()Сјајност ()Делотворнатемпература(K)Боенпоказател A0V 2,18 2,193 38,029,700 0,00 A1V 2,05 2,136 30,909,300 0,04 A2V 1,98 2,117 23,998,800 0,07 A3V 1,93 1,861 16,988,600 0,10 A4V 1,88 1,794 13,498,250 0,14 A5V 1,86 1,785 12,308,100 0,16 A6V 1,83 1,775 11,227,910 0,19 A7V 1,81 1,750 10,007,760 0,21 A8V 1,77 1,748 9,127,590 0,25 A9V 1,75 1,747 8,327,400 0,27 Преработениот систем на Јеркисовиот атлас дава густа решетка од стандардни ѕвезди за спектрите на џуџињата од типот A, но не сите од нив опстојале до денес како стандарди. Стандардните ѕвезди во MK-системот меѓу џуџињата од главната низа од типот A (т.е. оние непроменети со текот на времето кои го дефинираат системот) се Вега (A0 V), Фекда (A0 V) и Фомалхаут (A3 V). Епохалната преработка на MK-класификацијата од Морган и Кинан (1973) не дава стандарди меѓу типовите A3 V и F2 V. HD 23886 е предложена како стандард за A5 V во 1978 г.

Ричард Греј и Роберт Гарисон ја имаат заслугата за последните придоенси кон класификацијата, објавени во два труда од 1987 и 1989 г. Тие наведуваат разни спектрални стандарди за бавно- и брзовртечки џуџиња од типот A, како што се HD 45320 (A1 V), HD 88955 (A2 V), 2 Мала Водна Змија (A7 V), 21 Мал Лав (A7 V) и 44 Кит (A9 V). Понекогаш ѕвездата Зосма (A4 V) се среќава како стандард. Нема објавени стандардни ѕвезди за A6 V и A8 V. мини|десно|250п|Морган-Кинановата спектрална класификација.

Планети Ѕвездите од типот A се млади (стари неколку стотини милиони години) и многу од нив лачат инфрацрвено зрачење повеќе од очекуваното. Овој инфрацрвен вишок се должи на прашината која ја исфрла остаточен диск кога се образуваат планети. Прегледите укажуваат дека околу ѕвездите од типот A често се создаваат планети, иако тие тешко се пронаоѓаат со методот на Доплерова спектроскопија. Ова е бидејќи ѕвездите се вртат многу бргу, што го спречува мерењето на малите Доплерови поместувања предизвикани од планети во орбита бидејќи спектралните линии се многу широки. Меѓутоа, овој тип на масивна ѕвезда со време се развива во поладен црвен џин кој се врти побавно и може да се мери по методот на радијална брзина. До почетокот на 2011 г. пронајдени се околу 30 планети од јупитеровата класа сместени околу развиени K-џинови, меѓу кои се Полукс, Ерај и Едасих. Доплеровите прегледи на најразлични ѕвезди покажуваат дека 1 од 6 ѕвезди со двојно поголема маса од Сонцето имаат една или повеќе планети со големина на Јупитер, споредено со 1 од 16 за ѕвезди слични на Сонцето.

Ѕвездени системит од типот A за кои се знае дека имаат планети се HD 15082, Бета Сликар, HR 8799 и Ајол.

Примери На далечина до 40 светлосни години: Име Спектралентип Соѕвездие Привиднавеличина Маса() Полупречник() Сјајност() Растојание(сг) Сириус A0mA1 Va Големо Куче −1,47 2,063 1,711 25,4 8,60 ± 0,04 Алтаир A7 V Орел 0,76 1,79 1,63–2,03 10,6 16,73 Вега A0 Va Лира 0,026 2,135 2,362 × 2,818 40,12 25,04ФомалхаутA3 VЈужна Риба1,171,911,841625,1ДенеболаA3 VЛав2,141,781,731535,8Денеб АлгедиA5 IVЈарец2,832,01,911138,6 Денеб Алгеди веројатно е подџин или џиновска ѕвезда, а Алтаир е спорен подџин. Покрај тоа, Сириус е најсветлата ѕвезда на ноќното небо.

Поврзано Ѕвезда од главната низа од типот B

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Видови ѕвезди